Како да станете компјутерски експерт од светска класа?

Компјутерската наука е динамично, брзо еволуирачко научно поле на студирање кое постојано се менува и надградува. Како таква е составен дел од секој аспект на општеството, деловниот свет и модерниот живот.

kako-da-stanete-kompjuterski-ekspert-od-svetska-klasa-01.jpg

Дипломираните студенти по компјутерски науки се едни од најбараните, а дипломите по ИТ водат до наградувачки и развојни кариери ширум светот. Одговарајќи на потребите на современиот свет, Одделот за компјутерски науки на СИТИ Колеџ, Европскиот Кампус на Универзитетот Јорк нуди четири различни програми по компјутерски науки:

  • Студии по компјутерски науки
  • Студии по компјутерски науки - вештачка интелигенција и наука за податоци)
  • Студии по компјутерски науки - веб технологии
  • Студии по компјутерски науки - бизнис информатика

Студентите на Катедрата за компјутерски науки не само што стекнуваат силно теоретско разбирање, туку, исто така стекнуваат и практично искуство, со примена на своето знаење на проекти од реалниот живот.

Програмите траат 3 години, според британските универзитетски стандарди. Дипломата ја доделува Универзитетот Јорк и е акредитирана од BCS (British Computer Society) и The Chartered Institute for IT.

За дипломираните студенти кои сакаат да го продлабочат знаењето во својата област на интерес, Одделот за компјутерски науки на СИТИ Колеџ нуди и серија постдипломски (магистерски) студии како Магистер по вештачка интелигенција и наука за податоци (MSc in Artificial Intelligence and Data Science) и Магистер по развој на веб и мобилни телефони (MSc in Web and Mobile Development). Предавањата за овие програми се одвиваат за време на викендите и тоа по 2 викенди месечно.

Дополнително, сите дипломирани студенти кои сакаат да станат дел од Светот на можностите во компјутерски науки ќе можат да ја следат магистерската програма по Софтверско инженерство (Software Engineering) којашто се одвива онлајн.

СИТИ Колеџ претставува европски кампус на Универзитетот Јорк, водечка британска академска институција со инспиративна настава и опширна истражувачка програма. Како член на престижната Расел група, Универзитетот Јорк е дел од 24 водечки универзитети во Велика Британија кои ги одржуваат највисоките истражувачки и академски стандарди.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg