По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, брендот Lisca организираше инспиративен и елегантен настан кој ја слави жената – нејзината сила, убавина и внатрешна моќ. Во рамките на кампањата „Моќта е во тебе“, дванаесет влијателни и инспиративни жени, секоја со своја приказна и животна патека, споделија дванаесет мотивирачки пораки кои одекнаа како симбол на храброст, автентичност и самодоверба, пораки што потсетуваат дека вистинската моќ не се мери со совршенството, туку со храброста да бидеме свои.