Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Русинки на чија убавина не можат да останат рамнодушни ниту мажите (ниту жените)

Мажите воздивнуваат по Ана Курникова, Ирина Шајк и Марија Шарапова, но ни жените не остануваат рамнодушни пред нивната убавина.

ana-marija-i-irina-ruska-ubavina-na-koja-mazhite-a-ni-zhenite-ne-mozhat-da-ostanat-ramnodushni-01.jpg

Трите познати Русинки - Ирина Шајк, Ана Курникова, Марија Шарапова се препознатливи по белиот тен и светлите очи.

И додека Марија и Ана се природни русокоси, Ирина има темна коса, па многумина на прва не можат да претпостават дека е Русинка.

Двете поранешни тенисерки и светскиот модел и денес важат за едни од најубавите Русинки, но и за едни од најубавите жени во светот.

Ана Курникова

Каде и да се појави, поранешната тенисерка Ана Курникова сè уште привлекува внимание.

Таа одамна е во пензија и никогаш не освоила голем турнир во сингл, но и покрај тоа, кога се зборуваше за женскиот тенис во минатото, Ана беше една од првите асоцијации за овој спорт.

Ана е во брак со пејачот Енрике Иглесијас и имаат три деца, а приватниот живот го чуваат во тајност.

Тие споделуваат семејни фотографии само кога имаат голем повод и скоро никогаш не се појавуваат заедно на јавни настани.

Ирина Шајк

Во 2013 година, руското издание на списанието „Maxim“ ги избра десетте најубави жени во земјата, а Ирина Шајк беше на првото место.

Манекенката и модел важи за една од најсексапилните жени на светот.

За многумина таа е најдобрата манекенка во моментов, на која ѝ нема рамна.

Ирина долго време беше во врска со Кристијано Роналдо, а потоа почна да излегува со актерот Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа.

Марија Шарапова

Шарапова беше една од најдобрите и најатрактивните руски тенисерки на сите времиња.

Во кариерата таа освои 5 гренд слем титули.

Марија денес ужива во бракот и мајчинството.

Мажена е за Александер Гилкис, со кого го има синот Теодор.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 актери чија убавина не е по холивудски стандарди, а сепак се прославија Холивуд, се чини, има поставено стандарди за убавина, па некој што не личи на Бр...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
На јахта со мажите на нејзиниот живот – Згодната сопруга на Лео Меси на одмор со фудбалерот и трите ... Прегрнати фотки со сопругот по костими за капење, но и фотки од совршеното семеј...
Дејвид Бекам е неодолив заводник на Вимблдон, дури и со седа и проретчена коса (фото) На 49 години, Дејвид Бекам е уште центар на внимание кога ќе се појави на Вимблд...
Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД Со имиџот на совршена домаќинка и мајка, Марта Стјуарт стана првата Американка к...
Дру Баримор направила пластична операција на 17 години: „Морав да ги намалам градите“ „Кога градите ни се огромни, ние жените се чувствуваме несигурно. Нè боли грбот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg