Тори Спелинг за малку ќе го загубела окото: „20 дена не ги извадив контактните леќи, добив чир на рожницата“

„Ова ми е од лошите хигиенски навики“ - актерката Тори Спелинг, која сите ја помниме по улогата во популарната серија од 90-тите „Беверли Хилс“, деновиве ги загрижи своите обожаватели кога се појави на улица со розов превез на окото. Како актерката за малку целосно ќе го загубела видот на едното око?

tori-speling-za-prevezot-na-okoto-20-dena-ne-gi-izvadiv-kontaktnite-lekji-za-malku-kje-go-zagubev-vidot-01.jpg

Минатата недела Тори Спелинг (47) беше излезена заедно со нејзината пријателка Лаура Ругети, а нејзините обожаватели веднаш се загрижија затоа што актерката на фотографиите носи превез на окото.

Таа тогаш појасни дека има чир на рожницата и дека зема антибиотици.

tori-speling-za-prevezot-na-okoto-20-dena-ne-gi-izvadiv-kontaktnite-lekji-za-malku-kje-go-zagubev-vidot-03.jpg

Сега, Тори појасни дека самата си го нарушила здравјето на окото, заради лошите хигиенски навики.

„Малку е смешно, но јас сум виновна, сама си го направив ова. Значи, јас носам контактни леќи, но ги носам оние што се носат само по еден ден и на крајот на денот...

Значи, можам да барам колку сакам изговори, но признавам дека најчесто не ги вадам и спијам со нив“ – рече таа.

tori-speling-za-prevezot-na-okoto-20-dena-ne-gi-izvadiv-kontaktnite-lekji-za-malku-kje-go-zagubev-vidot-04.jpg

На прашањето колку најдолго ѝ се случило да ги носи контактните леќи, таа одговори:

„Седум недели... Не, мислам дека претерувам, но сум ги носела и по 20 дена. Знам дека треба да се засрамам. Така добив чир на рожницата на левото око“ – вели таа.

tori-speling-za-prevezot-na-okoto-20-dena-ne-gi-izvadiv-kontaktnite-lekji-za-malku-kje-go-zagubev-vidot-05.jpg

Тори раскажува дека лекарите ѝ рекле дека имала многу среќа, затоа што поминала само со помала повреда на окото и дека за 7 до 10 дена целосно ќе заздрави.

Инаку, под чир на рожница се подразбира отворена рана на рожницата, како резултат на инфекција на окото.

ToriSpellingThumb.jpg

Чирот може да биде предизвикан и од премногу суви очи, а луѓето што страдаат од овој проблем честопати трпат силни болки, црвенило, чувство дека окото им е засечено, замаглен вид, чувствителност на светлина.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg