Провалил во туѓ дом без облека под дејство на дрога, 2 пати беше во затвор – Мрачното минато на Роберт Дауни Џуниор

Актерот заврши и во затвор

Роберт добил наредба да остане во центарот шест месеци. Потоа, три години требало редовно да прави тестови за дрога.

Но, кон крајот на 1997 година, актерот одлучил да прескокне еден тест, по што судијата се разгневил и го испратил во затвор, со изјава дека „не му е грижа што е познат актер“.

Во затворот, актерот завршил и во самица поради тепачка, а бил ослободен по околу пет месеца.

provalil-vo-tugj-dom-pod-dejstvo-na-droga-2-pati-beshe-vo-zatvor-mrachnoto-minato-na-robert-dauni-dzhunior-18.jpg

Ни затворската казна не била од помош – тој продолжи да се дрогира и откако испуштил неколку тестови за дрога, повторно заврши во затвор.

Овојпат беше осуден на три години, но беше ослободен по околу една.

Додека беше во затвор, актерот даде ексклузивно интервју за Vanity Fair каде што откри дека постојано се справувал со закани од другите затвореници и живеел во групна ќелија.

Сето ова имало лошо влијание врз неговото ментално здравје:

„Тонам подлабоко во мојата депресија. Некогаш сум како мртов. Подготвен сум да излезам одовде“.

provalil-vo-tugj-dom-pod-dejstvo-na-droga-2-pati-beshe-vo-zatvor-mrachnoto-minato-na-robert-dauni-dzhunior-10.jpg

Актерот тврди дека се откажал од дрогата благодарение на сендвич од Burger King

Откако излезе на слобода, актерот беше уапсен уште неколкупати, пред да се ослободи од пороците.

Подоцна изјави дека сендвич од Burger King му го спасил животот.

Во 2003-та, актерот возел со неговиот автомобил во кој имало „цел куп дрога“, кога решил да купи јадење од Burger King.

Според него, хамбургерот бил толку лош, што решил да го фрли. Во тој миг, сфатил дека и дрогата што ја носи е лоша, па ја фрлил заедно со сендвичот.

provalil-vo-tugj-dom-pod-dejstvo-na-droga-2-pati-beshe-vo-zatvor-mrachnoto-minato-na-robert-dauni-dzhunior-12.jpg

За актерот, овој миг е најголемиот пресврт во неговиот живот и тој е благодарен на ланецот ресторни за брза храна.

Па, во првиот Iron Man филм има сцена каде што јаде сендвич од Burger King токму поради ова.

https://www.youtube.com/watch?v=09KTGVpKN2U

И неговиот син имаше проблеми со зависност

Во 2013 година, тогаш 20-годишниот син на актерот беше уапсен за поседување кокаин.

По апсењето, син му следеше 20-месечна програма за рехабилитација и актерот му помогна да се откаже од пороците.

provalil-vo-tugj-dom-pod-dejstvo-na-droga-2-pati-beshe-vo-zatvor-mrachnoto-minato-na-robert-dauni-dzhunior-13.jpg

Улогата во Iron Man направи пресврт во неговата кариера

Во 15-те години додека се бореше со пороците, Роберт Дауни Џуниор добиваше мали улоги во серии и филмови, но не успеа да остави голем впечаток.

Покрај тоа, поради проблематичното однесување, многу режисери и продуценти го избегнуваа, без разлика на неговиот талент.

Нештата се променија во 2008-ма, кога ја доби главната улога во Iron Man – филмот што се смета за почеток на ултра-успешниот Marvel Cinematic Universe.

Тој ја репризираше улогата уште во неколку филмови на Marvel, a почна да работи и на други проекти.

provalil-vo-tugj-dom-pod-dejstvo-na-droga-2-pati-beshe-vo-zatvor-mrachnoto-minato-na-robert-dauni-dzhunior-14.jpg

Денес тој отворено зборува за своето проблематично минато, со надеж дека ќе помогне некому.

Истовремено, тој е и активист и е дел од бројни добротворни организации.

provalil-vo-tugj-dom-pod-dejstvo-na-droga-2-pati-beshe-vo-zatvor-mrachnoto-minato-na-robert-dauni-dzhunior-15.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава