На 16 години се предозирала со опојни супстанци, денес е мајка и сопруга за пример – Бурното минато на Пинк, пред да стане славна
Нејзиниот бунтовен карактер предизвикал нејзината мајка на 14 години да ја натера да оди на терапија кај психолог, а потоа и да ја избрка од дома кога имала само 15 години, по што пејачката останала бездомничка. Но, во истиот период веќе се обидувала да се пробие и учествувала на голем број аудиции за бендови со цел да ја започне кариерата.
Пинк во една прилика откри дека со Мадона немаат добар однос, затоа што кралицата на поп-музиката не може да ја сфати смислата за хумор на помладата колешка. Сепак, таа вели дека додека растела, Мадона ѝ била идол, па во еден период верувала дека е нејзина ќерка.
„Отсекогаш сум била личност што ја следела Мадона како напуштено кученце. Не разговарав со мајка ми една година затоа што бев сигурна дека таа ме посвоила. Се колнев дека ме одвоиле од Мадона по раѓањето, а ми се допаѓаше тоа што таа правеше сѐ што сака и кога сака“ – откри во една прилика Пинк.
Пинк вели дека најголем дел од нејзините песни се инспирирани од детството и од тешките почетоци во животот што ги имала. Без влакна на јазик, таа се пресметува со сѐ што не ѝ се допаѓа, па така на удар на нејзиниот црн хумор беа и Парис Хилтон, претстедателот на САД Џорџ Буш, Кристина Агилера итн.
Со сопругот Кори Харт се запознале во 2001-ва година, а 4 години подоцна во 2005-та година таа одлучи да го запроси така што среде трка на картон му напиша: „Ќе се ожениш ли за мене?“... Кори прво не го видел знакот, но на вториот круг застанал и прифатил, по што продолжил да се трка.
Тие стапија во брак во церемонија што се одржа во Коста Рика, но по две години во 2008-мата одлучија да се разделат. Во 2010-та година парот сепак се помири, а 9 месеци подоцна Пинк откри дека е бремена со ќерката Вилоу, која ја добија во 2011-та година.
Во 2016-та го добија и синот Џејмисон Мун, а оттогаш пејачката се труди максимално да биде успешна во својата кариера, но и да биде добра мајка и сопруга.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

11 деца кои се мини копија на своите славни родители
Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“
„Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...