Каја Гербер, сестрите Хадид - кои се ќерките на топ-моделите кои тргнаа по стапките на своите славни мајки?

Од Синди Крафорд и Кејт Мос, до Хајди Клум и Џери Хол – кои се ќерките на славните манекенки кои тргнаа по стапките на своите мајки?

kaja-gerber-sestrite-hadid-koi-se-kjerkite-na-top-modelite-koi-trgnaa-po-stapkite-na-svoite-slavni-majki-01.jpg

Во светот на богатите и славните, синовите и ќерките на познатите личности често одат по стапките на своите родители.

Децата на актерите стануваат актери, децата на музичарите почнуваат да пеат, а децата на светските манекенки и самите почнуваат кариера во манекенските води.

Кои се ќерките на некогашните славни манекенки кои, успешно или помалку успешно, тргнаа по стапките на своите мајки?

Сестрите Џиџи и Бела Хадид, ќерките на Јоланда Хадид

Јоланда Хадид, мајката на Бела и Џиџи Хадид работеше како модел 15 години пред да реши своето време да го посвети на семејството.

Јоланда е родена во Холандија, но откако се омажила за Мохамед Хадид во 1994 година, се преселила во Лос Анџелес.

Најстарата ќерка на Јоланда, Елена, која светот ја знае како Џиџи, ја почна својата манекенска кариера на 2 години.

Бебето го забележа креативниот директор на Guess.

Помладата ќерка, Бела, почна да работи како модел од 16-годишна возраст, учествувајќи во рекламен проект.

kaja-gerber-sestrite-hadid-koi-se-kjerkite-na-top-modelite-koi-trgnaa-po-stapkite-na-svoite-slavni-majki-05.jpg

Лила Грејс Мос, ќерка на Кејт Мос

Кејт Мос имала 14 години кога претставници на модна агенција ја забележале на аеродром и ѝ понудиле да стане модел.

Нејзината ќерка Лила Грејс Мос-Хак (21), тргна по стапките на нејзината мајка на 14 години.

Кејт не сакала Лила да биде модел, но на крајот решила да не се меша во изборот на нејзината ќерка.

kaja-gerber-sestrite-hadid-koi-se-kjerkite-na-top-modelite-koi-trgnaa-po-stapkite-na-svoite-slavni-majki-02.jpg

Амбер Ле Бон, ќерка на Јасмин Ле Бон

Јасмин Ле Бон е една од најпопуларните модели од 1980-тите години. Нејзиниот татко е Иранец, а мајка и Англичанка.

Во 1985-та година Јасмин се омажи за Сајмон ле Бон, пејачот на групата „Duran Duran“.

Јасмин и Сајмон имаат 3 ќерки, а најстарата Амбер стана модел.

Во исто време, Амбер се стекна со образование во областа на музиката, историјата на уметноста и фотографијата.

kaja-gerber-sestrite-hadid-koi-se-kjerkite-na-top-modelite-koi-trgnaa-po-stapkite-na-svoite-slavni-majki-11.jpg

Систин Роуз Сталоне, ќерка на Џенифер Флавин

Џенифер Флавин, манекенка и сопруга на актерот Силвестер Сталоне, е родена во големо семејство.

Нејзината мајка вдовица сама одгледала седум деца. За да ѝ помогне финансиски, Џенифер на 19 години почнала да работи во агенција за модели.

Во 1997 година таа се омажи за холивудскиот актер и роди три ќерки.

Систин Роуз Сталоне, средната ќерка на Џенифер и Силвестер, го имаше своето прво модно шоу во 2016 година.

Таа се обиде и во филмските води како актерка.

Во 2018 година, Систин се запиша на факултет и доби диплома во областа на комуникациите.

Денес ретко се појавува на модните писти.

kaja-gerber-sestrite-hadid-koi-se-kjerkite-na-top-modelite-koi-trgnaa-po-stapkite-na-svoite-slavni-majki-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg