Рајан Рејнолдс му ја исполни желбата на обожавател кој умира од рак: „Моето семејство ќе се сеќава на овој ден многу подолго од мене“

„Ми стоеше кнедла во грлото додека се дружевме. Размислував како ќе се чувствуваат неговите жена и децата откога него ќе го нема. Искрено, се прашувам дали јас би бил толку среќен и позитивен ако бевме во обратна ситуација. Џеј е неверојатна личност“, рече актерот Рајан Рејнолдс откако го запозна мажот кој боледува од рак.

rajan-rejnolds-mu-ja-ispolni-zhelbata-na-obozhavatel-koj-umira-od-rak-moeto-semejstvo-kje-se-sekjava-na-ovoj-den-mnogu-podolgo-od-mene-1.jpg

Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс помина неколку часа со Џеј Фиар (45), негов голем обожавател кој има рак во последниот стадиум, и му ја исполни желбата да се запознае со него и неговото семејство.

Средбата ја организираше хуманитарната организација Bucket List Wishes, која им помага на луѓето во Британија да си ги исполнат најголемите желби пред крајот на животот.

Рајан, кој од пред една година го поседува фудбалскиот клуб „Рексхам“ од Велс, често оди во Обединетото Кралство.

rajan-rejnolds-mu-ja-ispolni-zhelbata-na-obozhavatel-koj-umira-od-rak-moeto-semejstvo-kje-se-sekjava-na-ovoj-den-mnogu-podolgo-od-mene-03.jpg

На една од последните посети, тој се запозна со Џеј, а времето поминато со него го опиша како „исклучително пријатно“.

„Ми стоеше кнедла во грлото додека се дружевме. Размислував како ќе се чувствуваат неговите жена и децата откога него ќе го нема.

Искрено, се прашувам дали јас би бил толку среќен и позитивен ако бевме во обратна ситуација. Џеј е неверојатна личност“, рече Рејнолдс за медиумите по средбата со Фиар.

Џеј има рак на слепото црево кој е во последната фаза и според предвидувањата на лекарите не му останува уште многу време.

Ракот го открил во јануари 2023 година и тогаш било предоцна за лекување.

Џеј и Рајан се сретнаа на стадионот на „Рексхам“ еден ден откако велшкиот клуб се пласираше во четвртата фудбалска лига.

rajan-rejnolds-mu-ja-ispolni-zhelbata-na-obozhavatel-koj-umira-od-rak-moeto-semejstvo-kje-se-sekjava-na-ovoj-den-mnogu-podolgo-od-mene-04.jpg

Освен што зборуваа за фудбалот, кој и двајцата го обожаваат, Рајан на Џеј му подари ракавица што ја носел на снимањето на вториот дел на филмот „Deadpool“.

Рејнолдс му вети и дека ќе договори Џеј со семејството да го посети на снимањето на третиот дел од филмот, кое почнува наскоро.

„Ретко се тие луѓе што си ги запознаваат идолите, ама Рајан покажа дека е голем човек, не само голем актер. Луѓето мислат дека сето ова е за мене, но не е така.

Ова е за моето семејство, зашто тие ќе се сеќаваат на овој ден многу подолго од мене. Се надевам дека ќе им биде драг спомен,“ рече Џеј за BBC.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg