10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени

Линдзи Лохан

Актерката и пејачка Линдзи Лохан го чека своето прво дете со сопругот Бадер Шамас.

Но, пред врската со него, Линдзи беше во врска со диџејката Саманта Ронсон.

Откако раскинаа, Лохан изјави дека е хетеросексуалка, но дека морала да има врска со жена за да се разбере подобро себеси.

Деми Ловато

Пејачката скоро целиот свој живот е во врска со мажи.

Таа во 2020 година беше свршена со Макс Ерич, но ја раскина свршувачката по неколку недели.

Пред врската со него, Деми се гледаше со диџејката Лорин Абедини.

Интересно е и тоа што краток период Ловато се идентификуваше како небинарна личност и сакаше да ѝ се обраќаат во среден род (ни машко ни женско).

Брзо потоа изјави дека сепак е жена.

Кара Делевињ

Манекенката и актерка Кара Делевињ не криела дека е во врска и со мажи и со жени.

Таа се гледаше со Хари Стајлс, Џејк Баг, а долго време беше и со актерката Ешли Бенсон.

Кога зборува за својот љубовен живот Кара вели дека е врзана за личноста, не за полот.

Рики Мартин

Пејачот многупати кажал дека е бисексуалец и дека постои можност да биде и со жени, ако му се допаднат.

Тој имаше долга врска со водителката Ребека де Алба, а потоа призна дека го привлекуваат мажи.

Рики е во брак со Џуан Јозеф со кого имаат три деца.

Амбер Херд

Поранешната сопруга на Џони Деп, актерката Амбер Херд, во 2010 година јавно кажа дека е бисексуалка.

Таа призна дека пред Деп била во љубовна врска со фотографката Тасија ван Ри.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Хали Бери (59) се вери со дечкото, по три разводи: „Ми се смачи да ме жалат дека сум кутра и немам с... „Не е точно дека кажав НЕ, секако дека ќе се омажам за него. Во минатото, по 3 р...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава