Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати личности кои имаат многу помлади браќа и сестри

Кејт Мос и Лоти Мос – 24 години

Малкумина знаат дека Кејт Мос има сестра која е 24 години помлада од неа.

Всушност, супермоделот моментално не е во добар однос со неа, па веројатно и затоа не ја спомнува често.

Слично како Кејт, и Лоти е активна во светот на модата, но не го постигна успехот на сестра ѝ.

poznati-lichnosti-koi-imaat-mnogu-pomladi-brakja-i-sestri-06.jpg

Лив Тајлер и Челси Тајлер – 12 години

Челси Тајлер, помладата сестра на Лив, е родена во периодот кога актерката ја почнуваше својата кариера.

Лив и Челси се полусестри - нивниот татко е Стивен Тајлер - а возрасната разлика помеѓу нив е 12 години.

poznati-lichnosti-koi-imaat-mnogu-pomladi-brakja-i-sestri-07.jpg

Маја Хок и Луна Турман-Бусон – 13 години

Возрасната разлика помеѓу ќерките на Ума Турман е 13 години.

Двете девојки имаат различни татковци, а живеат со мајка им.

Постарата ќерка, Маја, тргна по стапките на актерката и се прослави со улогата во Stranger Things.

poznati-lichnosti-koi-imaat-mnogu-pomladi-brakja-i-sestri-08.jpg

Енрике Иглесијас и Гилермо Иглесијас – 32 години

Таткото на Енрике е познатиот Хулио Иглесијас. Пејачот е третото дете од првиот брак на татко му.

Гилермо, пак, е роден во 2007-ма, односно 32 години по Енрике.

За малиот Гилермо не се знае скоро ништо, освен дека е син на Хулио.

poznati-lichnosti-koi-imaat-mnogu-pomladi-brakja-i-sestri-09.jpg

Бритни Спирс и Џејми Лин Спирс – 10 години

Возрасната разлика помеѓу Бритни и Џејми е мала во споредба со останатите ѕвезди на листата, но сепак е несекојдневна.

Бритни Спирс е цели 10 години постара од сестра ѝ Џејми Лин.

Денес пејачакта не е во најдобар однос не само со Џејми Лин, туку со целото нејзино семејство.

poznati-lichnosti-koi-imaat-mnogu-pomladi-brakja-i-sestri-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg