Има ќерка со автоимуна болест, била во долга врска со Италијанец – Факти за Хана Вадингам, водителката на Евровизија 2023
- Детали
- петок, 12 мај 2023
Има 48 години и важи за една од најпознатите британски актерки и пејачки. Потекнува од семејство на оперски пејачи, а има 6-годишна ќерка од врска со италијански бизнисмен. Што знаеме за Хана Вадингам, згодната русокоса водителка на Евровизија 2023?

Оние што ја следат Евровизија 2023, знаат дека годинава на престижниот музички натпревар има три водителки: Алеша Диксон, Хана Вадингам и Украинката Јулија Санина.
Сите три водителки се вистински убавици, но се чини дека со својата појава особено се истакнува Хана.

Станува збор за мошне висока (180cm), русокоса убавица, која знае да вметне одредена доза хумор за време на своите појавувања на Евровизија.
За неа велат дека успеа да го украде шоуто благодарение на вокалните способности, кои ги покажа во еден миг од првата полуфинална вечер, кога Украинката Јулија Санина сакаше да ја научи како треба да пее.
Хана Вадингам зад себе има долгогодишна кариера, а во продолжение издвојуваме неколку интересни факти за неа што можеби не сте ги знаеле:
Хана е родена во 1974-та година во Лондон. Мајка ѝ Мелоди Кели и нејзините баба и дедо биле оперски пејачи.
Благодарение на кариерата на нејзината мајка, Хана пораснала во театар, а и самата одлучила да тргне по нeјзините стапки и образованието го завршила на Академијата за снимени уметности и уметности во живо.

Освен што е образована, таа е и мошне талентирана, а за неа се вели дека има неверојатни вокални способности, затоа што може да долови 4 октави.

На почетокот на кариерата играла во West End театарот во Лондон, но и на Бродвеј во Њујорк, а од 2011-та година почна да игра во повеќе британски ТВ серии. На светската јавност најпозната ѝ е по улогата во Game of Thrones, а кај британската - по улогата во серијата Ted Lasso.

Хана никогаш не била во брак, но беше во долга врска со италијанскиот бизнисмен Џанлука Куњето, со кого доби и една ќерка. Тие двајца не говореа јавно за врската, но според пишувањата во медимуите, врската траела околу 10 години, по што се разделиле.
