Ќерката на Ким Кардашијан во аутфит со деколте во Рим - на само 12-годишна возраст (фото)
- Детали
- вторник, 26 август 2025
И додека 44-годишната Ким се одлучи за сатен и тантела, нејзината ќерка се појави со сина коса и специфично искомбинирани парчиња облека. Таа ја надрасна мајка си во висина, но предизвика лавина негативни реакции со деколтето.

Ким Кардашијан со нејзината 12-годишна ќерка Норт Вест беше фотографирана одејќи на вечера во Рим.
Ќерката на Ким, што ја има со нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, се појави со впечатлива сина коса.

Норт носеше набрано здолниште, црн корсет со уникатна јака, впечатливи чизми и чанта во форма на срце.
Во меѓувреме, Ким (44) беше во црн, тесен свилен фустан со проѕирен дел и градник од тантела.

Изгледот го дополни со скапоцени камења и дијамантски ѓердан.
Ким има уште три деца со раперот.
Повеќе фотографии од Ким и Норт:







С. С. | Црнобело