Шведска е победник на Евровизија 2023 - Лорин по вторпат победи на престижниот музички натпревар

Шведска е победник на Евровизија 2023. Лорин успеа по вторпат да победи на престижното музичко натпреварување, откако собра убедливо најмногу поени од националните жирија, но и од публиката.

shvedska-e-pobednik-na-evrovizija-2023-lorin-po-vtorpat-pobedi-na-prestizhniot-muzichki-natprevar-01.jpg

Вечерва (13.05) во Ливерпул, Англија се одржа финалната вечер од Евровизија 2023. По спектакуларното отворање на престижниот музички натпревар, на сцената се појавија вкупно 26 финалисти - по 10 кандидати од двете полуфинални вечери, минатогодинешниот победник, Украина и претставниците на земјите од големата петорка.

pobednik-na-evrovizija-2023-02.jpg

Први на сцената се појавија претставничките на Австрија, Теја и Салена, со песната Who the Hell Is Edgar, а натпреварот заврши со настапот на претставничката на домаќинот Велика Британија, Мае Мулер со песната I Wrote A Song.

Годинава Македонија не учествуваше на натпреварот, а од соседството во финале влегоа Албанија, Србија, Хрватска и Словенија.

pobednik-na-evrovizija-2023-04.jpg

Српскиот претставник Лук Блек и вечерва, како и на полуфиналната вечер во вторникот на својата бела кошула носеше црна лента во чест на семејствата на загинатите во двете трагедии што неодамна ја погодија неговата земја.

pobednik-na-evrovizija-2023-05.jpg

Во рамки на годинешниот натпревар имаше голем број музички правци, најразлични костимографии и настапи. 

pobednik-na-evrovizija-2023-05_1.jpg

Покрај европските претставници, по деветти пат во натпреварот учествуваше и Австралија.

pobednik-na-evrovizija-2023-07.jpg

На сцената вечерва имавме можност да ги видиме настапите на минатогодишните победници, Украина, но и на земјите од големата петторка: Германија, Шпанија, Франција, Велика Британија и Италија.

pobednik-na-evrovizija-2023-06.jpg

Половина од гласовите беа од националното жири, а половина беа од публиката, која годинава освен по телефон, гласаше и онлајн. За првпат годинава беше дозволено да гласаат и земјите што не се учесници во натпреварот, а кои беа означени како „the rest of the world“, односно, остатокот од светот.

pobednik-na-evrovizija-2023-09.jpg

Апсолутен фаворит на националното жири беше Лорин од Шведска со песната „Tatoo“, на второ место беше Италијанецот Марко Мангони кој настапи со песната „Due Vite“, а на третото место беше Ноа Кирел од Израел со песната „Unicorn“.

shvedska-e-pobednik-na-evrovizija-2023-lorin-po-vtorpat-pobedi-na-prestizhniot-muzichki-natprevar-10.jpg

Со гласовите од публиката само се потврди дека таа беше апсолутен фаворит на натпреварот, иако, претходно, атмосферата беше мошне напната и сите се прашуваа дали Лорин ќе успее да ги надмине поените што Финецот, Карија ги освои од публиката (и со кои се проби на врвот на табелата).

Инаку ова е вторпат Лорин да победи на Евровизија. Таа победи на престижниот музики натпревар и во 2012-та година, кога победи со песната Euphoria.

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Љубовта им згасна во првата половина од 2025 – Познати парови од Македонија, регионот и светот кои с... Александар Јосифовски се разведе и повторно најде љубов, Марија Микиќ со тага се...
Блејк Лајвли ја споредуваат со демон, Џастин Балдони бил „морон“: Нови детали за холивудската драма „Балдони зборуваше за сексуалните врски со жени. Кажуваше дека присилувал жени н...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Елена Ристеска, Ана Бебиќ - Ѕвезди од Македонија и светот кои годинава слават 40-ти роденден Нашата пејачката Елена Ристеска ќе го прослави 40-тиот роденден на 27-ми април, ...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...

Најчитани неделава