„Навистина е одвратен“ – Фановите згрозени од расипаните и пожолтени заби на Џони Деп (фото)

„Ги гледам фотките на Џони Деп и веднаш добивам желба да ги измијам забите“ – стои во еден од коментарите. Актерот стана топ тема на социјалните мрежи, заради фотките од пожолтените и расипани заби кои вирално се споделуваат по неговото појавување во Кан.

navistina-e-odvraten-fanovite-zgrozeni-od-rasipanite-zabi-na-djoni-dep-foto-01.jpg

Дека на црвениот тепих секој детаљ е важен и дека ништо не може да помине незабележано, говорат и последните фотографии од Џони Деп на Канскиот фестивал.

navistina-e-odvraten-fanovite-zgrozeni-od-rasipanite-zabi-na-djoni-dep-foto-02.jpg

Актерот изминатите денови беше топ тема затоа што откако помина неколку години на „црната листа“ на Холивуд, повторно се врати на големото платно.

Неговиот најнов филм Jeanne du Barry, по премиерата доби громогласен аплауз, но Џони привлече внимание и со еден детаљ од својот изглед.

navistina-e-odvraten-fanovite-zgrozeni-od-rasipanite-zabi-na-djoni-dep-foto-03.jpg

На црвениот тепих тој се појави во елегантен костум и бела кошула, а на увото како обетка носеше врзана жица од гитара.

Но, кога се насмевна, наместо блескава холивудска насмевка, фотографите ги уловија неговите расипани, пожолтени заби – што веднаш станаа топ тема на социјалните мрежи.

navistina-e-odvraten-fanovite-zgrozeni-od-rasipanite-zabi-na-djoni-dep-foto-04.jpg

Фотографиите во крупен кадар веднаш почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи, а твитерџиите велат дека се згрозени од неговата насмевка:

„Изгледа заборавил да ги измие забите утрово...“

„Зошто морам да гледам слики одблиску од забите на Џони, без моја согласност?“

„Џони Деп? Човекот не се истуширал и не ги измил забите со децении. Само миризбата може да те убие“.

„Кога ќе ги видам фотките на Џони од Кан добивам инспирација да ги измијам забите, да ги исчистам со конец и убаво да го исчеткам јазикот“.

„Откако ја видов фотката на Џони Деп со забите веднаш отидов да ги измијам моите заби. Одвратно е!“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава