Мајкл Џ. Фокс падна на сцена поради Паркинсоновата болест: „Битката е сè потешка, нема да доживеам 80“ (видео)

На панел-дискусија за трилогијата Back to the Future, Мајкл Џ. Фокс падна на сцената откако изгуби рамнотежа поради Паркинсоновата болест. За среќа, не се повреди. Неполн месец претходно, тој сподели дека битката со болеста станува сè потешка и потешка, како и дека веќе почнал да размислува за својата смрт.

majkl-dzh-foks-padna-na-scena-poradi-parkinsonovata-bolest-bitkata-e-se-poteshka-nema-da-dozhiveam-80-video-01.jpg

Мајкл Џ. Фокс веќе неколку децении води битка со Паркинсоновата болест, а неодамна имаше и мала незгода поради болеста.

На панел-дискусија за трилогијата Back to the Future во Филаделфија, актерот се качи на сцената, но изгуби рамнотежа и падна.

majkl-dzh-foks-padna-na-scena-poradi-parkinsonovata-bolest-bitkata-e-se-poteshka-nema-da-dozhiveam-80-video-06.jpg

majkl-dzh-foks-padna-na-scena-poradi-parkinsonovata-bolest-bitkata-e-se-poteshka-nema-da-dozhiveam-80-video-07.jpg

За среќа, 61-годишниот актер избегна повреда бидејќи падна на каучот поставен на сцената.

majkl-dzh-foks-padna-na-scena-poradi-parkinsonovata-bolest-bitkata-e-se-poteshka-nema-da-dozhiveam-80-video-04.jpg

Во тој момент, на сцената беше и колегата од Back to the Future – Кристофер Лојд – кој изгледа загрижено и исплашено во мигот кога Мајкл падна.

https://www.youtube.com/watch?v=VWIRIgGspLw

Пред само околу еден месец, актерот откри дека битката со болеста, која има влијание врз нервниот систем и моторичките способности, станува многу, многу потешка.

„Паркинсоновата болест ми тропа на врата… Нема да лажам, станува потешко. Станува потешко. Секој ден е сè потешко… Тоа е што е“, изјави тој во интервју за CBS.

majkl-dzh-foks-padna-na-scena-poradi-parkinsonovata-bolest-bitkata-e-se-poteshka-nema-da-dozhiveam-80-video-05.jpg

Актерот, кој е пензиониран поради болеста, изјави и дека не очекува да го доживее 80-тиот роденден.

„Не умирате од Паркинсон, умирате со Паркинсон. Па, имам размислувано за смртноста на болеста. Нема да доживеам 80“.

majkl-dzh-foks-padna-na-scena-poradi-parkinsonovata-bolest-bitkata-e-se-poteshka-nema-da-dozhiveam-80-video-08.jpg

Мајкл се повлече од филмската индустрија во 2020 година. По дијагнозата во 1991-та, тој се посвети на зголемување на свесноста за болеста, како и собирање пари за истражувања.

Оттогаш, преку неговата фондација за Паркинсонова болест, тој има собрано над една милијарда долари.

Sundance-Day-21297-e1683392746991.jpg

Минатиот ноември, односно во 2022-ра, Мајкл доби и почесен Оскар за неговото залагање во врска со болеста.

Прочитајте и: Битката на Мајкл Џ. Фокс со Паркинсонова болест: „Ја имам од 29 години, постојано паѓав и кршев коски, но сега можам да одам сам“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат 4 деца, син им го победи ракот: Љубовта на „младата бунтовничка“ и Мајкл Бубле трае 15 години По 15 години и четири деца, Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го имаат едниот од на...
Семејна драма како од сапуница: Дали Марлон Брандо е биолошкиот татко на синот на Мајкл Џексон? Отсекогаш постоело прашањето дали Мајкл Џексон е биолошки татко на неговите деца...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...

Најчитани неделава