Ким Кардашијан со цел тим шминкери отиде да се слика за возачка – и Антониа Гиговска го прокоментира хит видеото
- Детали
- петок, 30 јуни 2023
„Ова е најважната фотографија во животот“ – рече Ким Кардашијан за да се оправда за тоа зошто со себе понела цел тим шминкери на фотографирањето за возачка дозвола. Антониа Гиговска го сподели видеото и се пошегува на нејзина сметка: „Замисли... и кај нас вака“.
Ретко кој од нас е задоволен од тоа како изгледа на фотографијата на возачката дозвола и останатите документи, па Ким Кардашијан одлучи да го реши овој проблем, така што со себе на фотографирање го понесе и својот тим професионални шминкери и стилисти.
Во последната епизода на реалното шоу The Kardashians, Ким требаше да ја обнови својата возачка дозвола во Калифорнија, а за неа фотографирањето за возачка не е нешто најнормално, како и за нас „обичните смртници“, па со себе ги понесе стилистите Крис Аплтон и Ариел Техада.
„Навистина сакам да изгледам добро. Зошто тогаш да не донесам со мене тим за разубавување и за осветлување. Знам дека е лудо, но не ми е гајле. Ова е најважната фотографија во животот“ – рече таа.
Крис Аплтон вели дека нивната улога е да ја поддржат Ким во тоа што го прави.
„Премногу луѓе мора да живеат со неубави возачки дозволи, па мора да се осигураме дека ќе биде како што треба. Па, затоа каде и да оди Ким, јас и Ариел ѝ го чуваме грбот“ – рече тој.
Инаку, Ким на крај се одлучи за втората фотографија, а можноста ја искористи за повторно да упати суптилна навреда кон нејзината сестра Кортни со која повторно се во лоши односи.
„Првото секогаш е најлошо, а второто е најдобро. Затоа јас сум второ дете“ – рече таа.
Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика голем број реакции, а кај нас го сподели и Антониа Гиговска на Инстаграм Стори и на видеото напиша:
„Замисли и кај нас вака“ – напиша таа.
Инаку, од друга страна, Кортни објави дека една година по свадбата ја променила возачката во која го промени името во Кортни Кардашијан Баркер и ја објави својата фотографија.
Погледнете го видеото од фотографирањето на Ким:
@kardashviral Kim’s comment at the end☠️ #kimkardashian #kardashians #thekardashians #kardashianshulu #chrisappleton #makeupbyariel #dmv
♬ original sound - KardashViral
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





