Ривалки на модните писти, но и во животот на Том Брејди - Во какви односи се Ирина Шајк и Жизел Бундшен?
Двете манекенки се познаваат и честопати се сретнувале во минатото и честопати биле вклучувани во исти или слични кампањи, но никогаш не биле блиски пријателки, туку биле учтиви една кон друга.
Жизел (43) е по потекло од Бразил и за првпат била откриена на возраст од 14 години додека пазарела во мол во родната земја.
Иако не се појавила на модна писта од 2016-та година, таа повторно се врати на фотосесиите и кампањите по разводот во 2022-ра година.
Ирина Шајк (37) потекнува од скромно семејство од гратче во Русија, а била откриена на возраст од 20 години.
Бундшен беше еден од најпознатите ангели на Victoria’s Secret, која ги носеше моделите во периодот од 1999-та до 2006-та година.
Ирина Шајк никогаш не ја добила титулата „ангел“, но во 2016-та година ги носеше моделите на брендот, а на модната писта прошета во шестиот месец од бременоста.
Двете биле дел од фотосесиите за голем број познати брендови, а во 2016-та година се фотографираа топлес за модната кампања на Givenchy.
Очигледно е дека иако во поглед на изгледот двете манекенки се мошне различни, сепак се слични во однос на тоа што зад себе имаат блескава кариера и важат за авторитети во модната индустрија. Се чини дека Ирина Шајк продолжи таму каде што Жизел мораше да застане.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





