Го споредуваа со Џорџ Клуни, 30 години е вљубен во сопругата – Каде е и што прави денес Марко од серијата „За твојата љубов“?
- Детали
- понеделник, 28 август 2023
Бил познат фудбалер, но заради повредата се откажал од спортот и почнал да се занимава со глума. Веќе 30 години е во хармоничен брак со сопругата, а важеше за еден од најхаризматичните и најзгодните актери во латино американските серии... Каде е денес Саул Лисазо, актерот кој македонската публика го помни како Марко?
Во последните 15-тина години кај нас се актуелни турските серии, но многумина се сеќаваат на почетокот од 2000-тите години кога најпопуларни беа латино-американските сапуници кои се емитуваа на националните и локалните телевизии.
Една од сериите што предизвика голем интерес беше серијата „За твојата љубов“, во која главните улоги ги играа Габриела Спаниќ, позната и како „Злобницата“, но и Саул Лисазо кој ја толкуваше улогата на Марко.
Благодарение на седата коса и харизматичниот изглед таблоидите своевремено го нарекуваа и латино-американски Џорџ Клуни, а Саул ги крадеше воздишките кај голем број жени од целиот свет и од Македонија.
Следуваат повеќе интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:
Актерот е роден во 1956-та година како Саул Густаво Лисазо Оскоиди во Аргентина, како едно од шест деца, а неговиот живот бил одбележен од смртта на татко му, кој починал кога актерот имал само 12 години.
Како мало момче Саул почнал да игра фудбал со татко му, а потоа продолжил и професионално да се занимава со спортот, па играл во повеќе клубови, меѓу кои и во белгискиот КСК Беверен.
Додека играл во шпански фудбалски клуб во една дискотека во Мадрид случајно ја запознал 9 години помладата манекенката Моника Виедма, со која се венчал во 1983-та година и заедно добија две деца: ќерката Паула (24) и синот Мартин (20).
Истата година кога се венчал со Моника, Саул морал да стави крај на фудбалската кариера заради повреда на коленото, по што почнал да работи како манекен, а неколку години подоцна, се запишал на студии по глума во Шпанија.
Парот се преселил да живее во Мексико, а неговата сопруга Моника таму отворила ресторан.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





