Сите детали за аргентинската актерка која почина по зголемување на задникот - ѝ инјектирале забранета супстанција

По нејзината смрт, доктор Перез даде изјава за аргентинските телевизии:

„Силвина разви автоимуна болест како резултат на нејзините операции. Сите пациенти развиваат сериозни проблеми со бубрезите и на крај умираат“.

Во јуни годинава, здравјето на Силвина драстично се влошило, по што била пренесена во болница.

site-detali-za-argentinskata-akterka-koja-pochina-od-kozmetichka-procedura-za-zgolemuvanje-na-zadnikot-injektirale-zabraneta-supstanca-09.jpg

Во август, од болницата дале изјава дека Силвина е во подобра состојба и дека закрепнува.

Но, кратко пред смртта се заразила со болест – според некои медиуми корона – по што повторно била во критична состојба.

Во четвртокот (31.08), нејзиното семејство одлучило дека е најдобро да ѝ ја исклучат животната поддршка бидејќи немало надеж дека ќе преживее.

site-detali-za-argentinskata-akterka-koja-pochina-od-kozmetichka-procedura-za-zgolemuvanje-na-zadnikot-injektirale-zabraneta-supstanca-06.jpg

Според близок пријател на Силвина, лекарите му кажале на нејзиниот брат дека не можат да ѝ го спасат животот бидејќи актерката повеќе не реагирала на ниту една терапија.

„Ова беше многу тешка одлука за нејзиниот брат, која беше препорачана од лекарите“, изјави пријателот.

Само две недели пред трагичната смрт на актерката, починал аргенитнски водител, исто така од компликации од процедура направена од истиот пластичен хирург.

site-detali-za-argentinskata-akterka-koja-pochina-od-kozmetichka-procedura-za-zgolemuvanje-na-zadnikot-injektirale-zabraneta-supstanca-08.jpgВодителот кој починал од слични компликации

Во 2022-ра, хирургот Анибал Лотоки бил осуден на четири години затворска казна, откако бил тужен од Силвина, но и три други жени.

Сепак, моментално е на слобода, а се верува дека ќе добие многу построга казна.

site-detali-za-argentinskata-akterka-koja-pochina-od-kozmetichka-procedura-za-zgolemuvanje-na-zadnikot-injektirale-zabraneta-supstanca-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Славни личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2025-та Во пожарот во Кочани згаснаа премногу млади животи, а загинаа и Андреј и Панчо о...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Како сопругата му покажа љубов со еден потег на „доктор Слоун“ од Grey’s Anatomy, кој почина на 53 г... Во 2018 година, сопругата на Ерик Дејн поднесе барање за развод. Но, парот ја ра...

Најчитани неделава