Продуцентот ја силувал, речиси умрела од нарушување во исхраната: Трагичниот живот на Кеша

Имаше нарушувања во исхраната

Поради изгладнувањето, Кеша развила и нарушување во исхраната. Постојаните критики од сите околу неа, само ѝ ја влошиле ситуацијата.

„Тоа што гледав папарацо фотки од мене со злобни коментари за мојот изглед ми го влошија нарушувањето во исхраната.

Иронично е што во периодот кога бев преслаба и се чувствував најлошо во животот, постојано слушав комплименти за мојот изглед“ изјави таа во 2017-та.

Во 2014-та, Кеша отишла на рехабилитација каде што поминала два месеца и се вратила на нозе.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-06.jpg

Го тужеше нејзиниот продуцент за силување

Во 2014 година, Кеша поднесе тужба против нејзиниот продуцент Dr. Luke со обид да го раскине договорот со него.

Дотогаш, тие соработуваа 10 години, а според Кеша тој ја малтретирал вербално, психички, физички и сексуално до тој степен, што речиси умрела.

Кеша истакна дека најлошиот напад се случил во 2005-та, кога продуцентот ја издрогирал и ја силувал.

По ова, продуцентот најави контратужба за клевета и одби да го раскине договорот, по што следеше долга судска битка.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-07.jpg

Ја изгуби битката, а со тоа и слободата да прави музика

На крај, Кеша го изгуби случајот. Поради ова, не смееше да соработува со ниту еден друг продуцент освен Dr. Luke.

Фановите ја поддржуваа, вклучувајќи и бројни познати личности.

Додека да заврши судењето, Кеша немаше издадено песна веќе пет години, а поради пресудата не ни можеше, па Тејлор Свифт ѝ донираше 250.000 долари.

Дури во јануари 2023-та, Кеша и продуцентот направија спогодба и нивниот договор е раскинат.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-08.jpg

Во 2023-та речиси загина по третман за плодност

Во релативно ново интервју од јуни 2023-та, Кеша откри дека на почетокот од годината речиси ќе умрела.

Пејачката замрзнала јајцеклетки кон крајот на 2022 година, но по процедурата почнала да се чувствува многу слабо.

Таа не сподели многу детали, но откри дека морала да помине цела недела во болница и дека била на работ на смртта.

producentot-ja-siluval-rechisi-umrela-od-narushuvanje-vo-ishranata-tragichniot-zhivot-na-kesha-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...

Најчитани неделава