Беше секс симбол на својата генерација, се разведе по 5 месеци брак, па исчезна од јавноста: Се сеќавате ли на Чад Мајкл Мари?

„Кога се разведов од Софија Буш, мислев дека веќе нема да сакам никого. Разводот ме погоди силно“, изјави во една пригода актерот Чад Мајкл Мари, кој во 2000-тите важеше за најголемиот секс симбол на својата генерација.

chad-michael-01.jpg

Откако се прослави со сериите One Tree Hill и Gilmore Girls, Чад Мајкл стана најголемата тинејџерска ѕвезда на својата генерација.

И покрај славата и турбулентниот љубовен живот, овој 42-годишен актер (роден на 24.08.1981) денес живее мирен семеен живот со сопругата и своите три деца.

Во тоа време му предвидуваа голема холивудска кариера, но тој снима само повремено, а популарноста и славата не го интересираат.

beshe-son-na-tinejdjerkite-se-razvede-po-5-meseci-brak-od-koleshka-ischezna-od-javnosta-kade-e-denes-chad-majkl-mari-09.jpg 

Кога во 2003 година се прослави со улогата на Лукас Скот во мегапопуларната серија One Tree Hill, Чад беше во љубовна врска со актерката Софија Буш.

Таа во истоимената серија го глумеше ликот на Брук Дејвис, па обожавателите беа воодушевени кога дознаа дека нивната омилена љубовна двојка од серијата е заедно и во реалниот живот.

beshe-son-na-tinejdjerkite-se-razvede-po-5-meseci-brak-od-koleshka-ischezna-od-javnosta-kade-e-denes-chad-majkl-mari-05.jpg

По само неколку месеци романса, тие се венчаа, но љубовната идила траеше само 5 месеци, по што Софија потоа поднесе барање за развод.

Таа тогаш за медиумите изјави дека се чувствува целосно скршена бидејќи мислела дека никогаш нема да се разведе.

„Бевме глупави деца кои не требаше ни да бидат во врска, а камо ли да се венчаат“, изјави Софија во 2018 година.

beshe-son-na-tinejdjerkite-se-razvede-po-5-meseci-brak-od-koleshka-ischezna-od-javnosta-kade-e-denes-chad-majkl-mari-06.jpg

Чад Мајкл неколку години подоцна призна дека разводот силно го погодил и дека во тоа време мислел дека никогаш повеќе нема да сака никого.

По неа, актерот беше во љубовна врска со Кензи Далтон.

Иако блиските, но и фановите, очекуваа да се венчаат, тие раскинаа по седумгодишна врска.

На крајот среќата ја најде покрај својата колешка, Сара Ромер, со која се ожени во 2015 година.

Истата година го добија првиот син. Во 2017 им се роди и вториот син, а во август 2023 парот откри дека им се роди ќерка.

Во меѓувреме, Чад Мајкл му се врати и на актерството.

Од 2020 до 2022 сними четири акциони филмови со Брус Вилис, но и неколку романтични филмови.

Во 2023 тој повторно стана актуелен со серијата Sullivan’s Crossing.

Долго време Чад го нарекуваа секс симбол на една генерација.

И иако повеќе не се појавува толку често во јавноста, сепак е убав како и пред 20 години, кога почна да се прикажува One Tree Hill, со руса коса и прекрасни сини очи.

Повеќе фотографии од Чад Мајкл Мари на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава