Мадона на велосипед ја покажа набраната кожа на вратот, Шон Мендез шета по влечки: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ луѓе
- Детали
- сабота, 04 ноември 2023
Бен Афлек беше насмеан и видно расположен со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, но брзо му се расипа расположението, откако повторно го удри скапиот автомобил. Мадона се закопча до врат за да не ѝ се видат „недостатоците“ додека вози велосипед, но сепак ѝ ѕирна набраната кожа...
Светски познатите личности привлекуваат внимание и кога се средени од глава до пети, но и тогаш кога немале време да се дотераат, па набрзина излегле да ги завршат личните обврски.
Иако ни се чини дека тие постојано околу себе имаат голем број асистенти што се грижат за сите ситници, папараци фотките покажуваат дека и тие се „обични“ смртници што имаат потреби како и сите други луѓе, па често забораваат дека постојано се следени од фотографи, или, пак, воопшто не сакаат да се оптоваруваат со тоа, па нивните фотографии потоа завршуваат во таблоидите.
Кои славни ѕвезди изминатата недела беа уловени во своите секојдневни изданија?
Ирина Шајк беше забележана како ја зема ќерката Леа и ја носи на прошетка низ Њујорк.
Убавата манекенка овојпат се прошета во удобни фармерки, кожена јакна и дуксер, а во рацете држеше мобилен телефон и шише со вода.
Амбер Херд ја носи ќерката на Halloween низ Мадрид.
Како голем број други мајки во светот и Амбер Херд се потруди Ноќта на вештерките да ја прослави со својата ќерка. На фотките се гледа дека Амбер и Уна се маскирани, а се дружат со други непознати мајки низ Мадрид.
Шон Мендез беше забележан како по влечки се враќа од часот по боречки вештини.
Јасно е дека тренингот го изморил, но и дека има ефект – затоа што под белата маица се видливи сите негови мускули.
Ал Пачино беше забележан како се шета низ улиците на Лос Анџелес со исфлекани пантолони.
Претходно 83-годишниот актер постигна договор за старателството со неговата девојка Нур Алфала, на која треба да ѝ плаќа месечна алиментација од 30.000 долари.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





