Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува
- Детали
- среда, 18 февруари 2026
„Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на вљубените, покрај тиркизните води на Туркс и Кајкос - само неколку дена пред мојот роденден - мојот вечен Валентајн повторно ми предложи брак, а јас повторно реков ДА“, се пофали богатата наследничка.

Една од наследничките на империјата Хилтон, Парис Хилтон, и нејзиниот сопруг Картер Реум, по 5 години брак, ги обновија брачните завети.
На Валентајн, Картер повторно клекнал пред својата сопруга, но и пред нивните син и ќерка и ја прашал дали ќе се омажи повторно за него.

Повторното запросување се случило на плажа, пред огромен светлечки знак, Парис, Картер и нивните две деца се облечени во бело, а имало и огномет - сето ова Хилтон го откри преку фотографиите што ги сподели на Инстаграм.
„Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува.
На Денот на вљубените, покрај тиркизните води на Туркс и Кајкос - само неколку дена пред мојот роденден - мојот вечен Валентајн повторно ми предложи брак, а јас повторно реков ДА.

Но, овој пат, не бевме само сопруг и сопруга. Бевме мама и тато.
Феникс и Лондон ја гледаа љубовта што ги создаде.

Обновувањето на нашите завети не е само прославување на пет прекрасни години - туку е да им покажеме на нашите бебиња дека љубовта расте, се продлабочува и се избира меѓусебно одново и одново.
Поминаа пет години. Останува засекогаш. Засекогаш не е доволно долго со тебе, Картер“, напиша таа.
Погледнете ги фотографиите:










А. Ј. | Црнобело
