Рита Ора со боцки на грбот, Амал Клуни одржа модна лекција – Славните на British Fashion Awards 2023

Дали боцките на грбот на Рита Ора изгледаат прекрасно или ужасно? Ова е прашањето што се поставува на социјалните мрежи откако пејачката се појави со неочекуван моден детаљ на British Fashion Awards. Кои други познати дами зачекорија на црвениот тепих и како го привлекоа вниманието?

rita-ora-so-bocki-na-grbot-amal-kluni-odrzha-modna-lekcija-slavnite-na-british-fashion-awards-2023-01.jpg

Вчеравечер (04.12) во Лондон се одржа доделувањето на престижните British Fashion Awards, а на црвениот тепих зачекорија голем број познати дами, кои се потрудија да се покажат во најдобро и највпечатливо модно издание.

Амал Клуни, Кејт Мос, Рита Ора, Никол Шерцингер се само некои од познатите дами коишто зачекорија на црвениот тепих и успеаја да го привлечат вниманието.

Рита беше мошне впечатлива со сребрените боцки на грбот, што потсетуваа на грб од гуштер, а вистинско изненадување приреди и Памела Андерсон, која се појави без грам шминка и во природно издание.

Амал Клуни, пак, на сите им одржа модна лекција благодарение на тоалетата изработена од светки во златна и бакарна боја.

Во продолжение погледнете дел од модните аутфити во кои се појавија познатите дами:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовниот живот на Брижит Бардо, жената со „сто љубовници“ (и четири сопрузи) Брижит Бардо веројатно немала партнер што не го изневерила и трипати се разведув...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...

Најчитани неделава