Беше во брак со руски тајкун, татко ѝ е политичар: Која е новата девојка на Том Круз?

Елсина Кајрова е 36-годишната жена за која се шпекулира дека е новата девојка на 61-годишниот Том Круз. Таа е ќерка на руски политичар, како и поранешна сопруга на руски тајкун.

beshe-vo-brak-so-ruski-tajkun-tatko-e-politichar-koja-e-novata-devojka-na-tom-kruz-01.jpg

Иако сè уште немаат заеднички фотки, се шпекулира дека Том Круз има нова девојка – 36-годишната Русинка Елсина Кајрова.

Парот бил забележан на забава во Лондон на која присуствувале претежно моќни луѓе од Русија.

Според изворите на Daily Mail, 61-годишниот актер и Елсина биле неразделни во текот на вечерта и било повеќе од очигледно дека се пар.

beshe-vo-brak-so-ruski-tajkun-tatko-e-politichar-koja-e-novata-devojka-na-tom-kruz-02.jpg

Актерот постојан флертувал со неа, а на крај заедно ја напуштиле забавата, и тоа уште пред да заврши.

„Беа неразделни, очигледно беше дека се пар. Том беше воодушевен од неа. Актерот беше многу пријателски настроен – постојано го молеа да се фотографираат со него, но тој учтиво ги одбиваше.

На крај, диџејот мораше гласно да соопшти на руски дека господин Круз не сака да биде фотографиран“, открива изворот на британскиот медиум.

beshe-vo-brak-so-ruski-tajkun-tatko-e-politichar-koja-e-novata-devojka-na-tom-kruz-03.jpg

Она што е интересно за новата девојка на актерот е нејзиното потекло, но и нејзиното минато.

Елсина е поранешен модел и има и британско државјанство, а беше во брак со рускиот тајкун Димитри Цетков.

beshe-vo-brak-so-ruski-tajkun-tatko-e-politichar-koja-e-novata-devojka-na-tom-kruz-04.jpg

За нивниот бурен развод се зборуваше многу, најмногу бидејќи Димитри беше обвинет дека крадел и криел пари од Елсина, вклучувајќи вредни уметнички дела и нејизната колекција чанти вредна над 1 милион евра.

Во 2022-ра, таа беше и на суд бидејќи наводно не ѝ платила на компанијата која инсталирала фонтани во една од нејзините куќи.

beshe-vo-brak-so-ruski-tajkun-tatko-e-politichar-koja-e-novata-devojka-na-tom-kruz-05.jpg

Нејзиниот татко, пак, е контроверзна личност – тој е моќен руски политичар и се смета за еден од најголемите поддржувачи на Владимир Путин.

Повеќе фотки од Елсина:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...

Најчитани неделава