Позната е причината за смртта на актерот Метју Пери: „Како да бил под целосна анестезија“

„Смртта кај познатиот актер Метју Пери настапила како последица на давење, срцева болест и несакани ефекти од опијати“. Ова стои во официјалниот медицински извештај за причините за смртта на актерот од популарната серија Friends, кој почина во октомври годинава.

poznata-e-prichinata-za-smrtta-na-akterot-metju-peri-kako-da-bil-pod-celosna-anestezija-01.jpg

Актерот кој ќе остане запаметен како Чендлер од Friends, со години јавно зборуваше за својата борба со зависноста од алкохол и опојни суспстанци, a починал од „акутни ефекти“ на кетамин, анестетик со психоделични својства.

poznata-e-prichinata-za-smrtta-na-akterot-metju-peri-kako-da-bil-pod-celosna-anestezija-03.jpg

Освен кетамин, кај Метју Пери било најдено и присуство на буренофрин, лек кој се користи за лекување на нарушувања настанати како користење на опојни супстанци, за намалување на акутни и хронични болки, сличен со трамадол.

Но, според аутопсијата, смртта настанала како последица на акутните ефекти на кетаминот.

poznata-e-prichinata-za-smrtta-na-akterot-metju-peri-kako-da-bil-pod-celosna-anestezija-04.jpg

Кетаминот е силен анестетик којшто се користи како алтернативна терапија за депресија, анксиозност, нарушувања предизвикани од посттрауматски стрес и други проблеми со менталното здравје, а често некои луѓе го користат и како рекреативна дрога.

poznata-e-prichinata-za-smrtta-na-akterot-metju-peri-kako-da-bil-pod-celosna-anestezija-02.jpg

Според извештаите, актерот бил на терапија со кетамин која му се давала преку инфузии, но се смета декa опијатот најден во неговото тело, најверојатно не е од последната терапија, која била околу 10-тина дена пред да почине.

„Со оглед на високото ниво на кетамин најдено во неговата крв, смртта најверојатно настапила како последица на преголема стимулација на кардиоваскуларниот систем и потиснување на респираторните органи“ – стои во извештајот, каде се наведува дека нивото на кетамин во неговото тело е еднакво на она што се користи при целосна анестезија за време на оперативните зафати, пренесува New York Times.

poznata-e-prichinata-za-smrtta-na-akterot-metju-peri-kako-da-bil-pod-celosna-anestezija-05.jpg

За потсетување, Метју Пери беше најден мртов на 29-ти октомври годинава, во својот дом во Лос Анџелес. Според пишувањата во светските медиуми, актерот се удавил во неговото џакузи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...

Најчитани неделава