„На толку пари, изгледа очајно“: На Твитер ја исмеаја елката на Роналдо и Џорџина

Фотографијата од елката на познатиот пар се споделува на Твитер, а коментарите се дека таа изгледа очајно и смешно, особено што Џорџина не крие дека сака скапи работи и често се фали со скапиот накит, облеката и луксузниот начин на живот.

zhiveat-vo-luksuz-no-elkata-im-e-ochajna-e-na-tviter-ja-ismeaja-novogodishnata-elka-na-kristijano-i-djordjina-01.jpg

Свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, стана предмет на потсмев откако објави фотографија на Инстаграм на која се гледа хаосот што го направиле децата откако ги отвориле празничните подароци.

„Торнадо во нашиот дом“, стои на фотографијата споделена на Инстаграм Стори.

zhiveat-vo-luksuz-no-elkata-im-e-ochajna-e-na-tviter-ja-ismeaja-novogodishnata-elka-na-kristijano-i-djordjina-02.jpg

Иако Џорџина сакала да го покаже нередот и расфрлените украсни хартии, фановите се фокусираа на нивната елка, која е, очигледно, многу помала и поедноставна од она што очекувале.

Фотографијата од елката се споделува на Твитер, а коментарите се дека таа изгледа очајно и смешно, особено што вереницата на фудбалерот не крие дека сака скапи работи и често се фали со скапиот накит, облека и луксузниот начин на живот.

„Очајно изгледа, Џорџина можела да се потруди малку повеќе околу елката, да биде пораскошна“, стои во коментарите.

zhiveat-vo-luksuz-no-elkata-im-e-ochajna-e-na-tviter-ja-ismeaja-novogodishnata-elka-na-kristijano-i-djordjina-05.jpg

На една од фотографиите се гледаат и дел од детските подароци, а меѓу нив е и чанта од Louis Vuitton, која чини околу 3.000 евра.

„Ако можела да купи чанта Louis Vuitton за ќерката, можела да купи и поголема елка“,

„Се расфрла со пари за скапи подароци, а некои луѓе немаат доволно ни за да го поминат празникот“, пишуваат во коментарите.

zhiveat-vo-luksuz-no-elkata-im-e-ochajna-e-na-tviter-ja-ismeaja-novogodishnata-elka-na-kristijano-i-djordjina-04_copy_copy.jpg

Но, има и такви кои велат дека малата елка со златни и бели лампиони сигурно не е единствената елка во нивниот дом и дека некаде во куќата има раскошна, голема елка, која манекенката не ја покажала на Инстаграм.

zhiveat-vo-luksuz-no-elkata-im-e-ochajna-e-na-tviter-ja-ismeaja-novogodishnata-elka-na-kristijano-i-djordjina-03.jpg

?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Освалдо Риос во топ форма на 65 години - Извајани мускули, згоден како во времето кога глумеше во „К... Иако остарен, популарниот Игнасио од „Касандра“ се грижи за својата фигура, ...
Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка ... Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијар...
Бакна друг маж пред него, се венчаа набрзина: Знаци дека бракот на Никол Кидман и Кит Урбан беше осу... На Кит Урбан не му било сеедно што Никол сè почесто снима филмови со многу секс ...
Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Шерон Озборн скршена од болка, скриени симболи на облеката - Како семејството му оддаде почит на Ози... Шерон имаше ланче со прстенот кој Ози го го носел во 2017 година, кога ги обнови...

Најчитани неделава