Викторија скока, а Никола се тетерави со високи потпетици на плажа – Како дизајнерката ѝ го честита роденденот на снаата?

Викторија Бекам скока боса во песокот, а нејзината снаа Никола Пелц со високи потпетици се тетерави на почетокот додека да го фати ритамот и да одржи баланс. Како Викторија ѝ го честита роденденот на снаата?

viktorija-skoka-kako-devojche-a-nikola-se-teteravi-so-visoki-potpetici-na-pesokot-kako-pejachkata-i-go-chestita-rodendenot-na-snaata-01.jpg

Викторија Бекам ѝ го честита роденденот на снаата Никола Пелц Бекам со кратко видео од нивниот заеднички одмор на Бахамите.

Богатата американска наследничка и актерка Никола Пелц Бекам денес (09.01) го слави својот 29-ти роденден, а по тој повод меѓу првите честитки ѝ упати свекрвата Викторија.

По големиот број расправии и јавни препукувања, Викторија (49) и Никола ги „закопаа воените секири“, па сега секоја пригода ја користат за да покажат дека тие се во одлични односи.

Претходно Викторија објави видео од семејниот одмор на Бахамите, каде биле и нејзиниот најстар син Бруклин и неговата сопруга, а сподели и краток момент од нивниот заеднички танц на плажата.

Сега, по повод роденденот на Никола, таа одлучи со своите следбеници да сподели како изгледал танцот во целост.

На самиот почеток на видеото имаме можност да ја видиме Никола како мака мачи со високите потпетици да одржи рамнотежа на песокот, но тоа не ја спречи да остане и да танцува до крај со свекрвата.

„Среќен роденден Никола Пелц Бекам... Те сакаме многу! Заради твојата љубов, љубезност, талент и твојата способност да танцуваш на песокот на високи потпетици.

Ти си најдобар партнер за танц и најдобра снаа. Те сакаме и ти посакуваме да имаш прекрасен ден“ – напиша Викторија до видеото.

viktorija-skoka-kako-devojche-a-nikola-se-teteravi-so-visoki-potpetici-na-pesokot-kako-pejachkata-i-go-chestita-rodendenot-na-snaata-02.jpg

Објавата на Викторија предизвика голем број позитивни коментари кај нејзините следбеници, кои велат дека таа е свекрва за пример.

„Посакувам сите да имавме свекрви како тебе. Ова е семејство исполнето со љубов“;

„Камо и јас да имав свекрва како тебе“ – стои во дел од коментарите, а други пак ја прашуваат Никола зошто танцува со високи потпетици на песокот.

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Викторија лаже дека е од работничка класа, Дејвид ѝ ги плаќаше милионските долгови: Како Бекамови ст... Повеќе од една деценија, модниот бренд на Викторија Бекам работел со загуба. Во ...
Никола Пелц загрижува со преслабиот изглед – има 45kg и држи строга диета за филм Никола Пелц сега имала нешто помалку од 45 килограми, а ова е резултат на напорн...
Бела Хадид на Кански филмски фестивал со помалиот брат – беше во врска со Никола Пелц, и него го ска... Анвар Хадид, помалиот брат на Џиџи и Бела Хадид, имаше ретко појавување на Канск...
Не фаќа кваки од врати и чека некој да ѝ отвори, јаде ист оброк 30 години – Чудните навики на Виктор... Од 1997-ма секој ден го јаде истиот оброк од што Дејвид е разочаран, се верува д...
Први фотки од Бруклин Бекам и Никола Пелц по скандалот + Нови обвиненија за неа дека го користела и ... Бруклин и Никола изгледаа добро расположени на првото појавување од скандалознат...

Најчитани неделава