Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Забавни, емотивни и чудни моменти од доделувањето на Еми награди 2024

Стоечки овации за Кристина Еплгејт која и покрај битката со мултипла склероза, се качи на сцената, но и многу негодувања бидејќи на настанот присуствува Кортни Кардашијан и Тревис Баркер. Како помина доделувањето на 75-тото издание на Еми наградите?

zabavni-emotivni-i-chudni-momenti-na-dodeluvanjeto-na-emi-nagradi-2024-01.jpg

Околу четири месеци откако беше одложено, синоќа конечно се одржа 75-тото издание на Еми наградите.

Настанот требаше да се одржи во септември 2023-та, но мораше да биде одложен поради штрајкот во Холивуд.

На Еми наградите им се дава признание на најдобрите серии од изминатата година, а овој пат доминираше Succession.

zabavni-emotivni-i-chudni-momenti-na-dodeluvanjeto-na-emi-nagradi-202402.jpg

Серијата освои статуетка за најдобра драма, најдобра главна машка и женска улога, најдобра режија, најдобро сценарио, но и најдобра споредна машка улога.

Со неколку статуетки се закити и серијата Beef, која победи во категориите најдобра мини антологиска серија, најдобра главна машка и женска улога во мини антологиска серија, најдобро сценарио, како и најдобра режија во својот жанр.

Целата листа на победници можете да ја погледнете ТУКА.

Во продолжение, дел од забавните, емотивните, но и чудните моменти што го одбележаа доделувањето:

Кристина Еплгејт, која има мултипла склероза, храбро зачекори на сцената со бастун како презентер за една од наградите.

Како што актерката се доближи до микрофонот, сите во публиката станаа и почнаа гласно да ѝ ракоплескаат.

На црвениот тепих се појави личност со морничава маска на гоблин, облечена во зелен фустан.

Подоцна се покажа дека станува збор за учесник во популарното ријалити шоу RuPaul’s Drag Race.

Елтон Џон освои статуетка за најдобра изведба во живо и со тоа стана една од ретките личности кои ги имаат освоено четирите главни американски награди од забавната индустрија – Еми, Греми, Оскар и Тони.

Но, пејачот воопшто не беше присутен за да го прифати признанието.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Актери кои глумат најдобри пријатели во серии, но не се поднесуваат во реалноста Ким Катрал толку многу ја мрази Сара Џесика Паркер, што јавно ја „оцрни“ откако ...
Моменти што го одбележаа доделувањето на Еми наградите + забавни твитови за настанот Селена Гомез се покажа како одлична презентерка, а ѕвездите од реалното шоу RuPa...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Колку се променија актерите од серијата Lost, 20 години по премиерата? Освен Еванџелин Лили, повеќето актери од серијата Lost немаат завидна актерска к...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
„Тајно ја зјапав, беше многу згодна“ – Тревис Баркер бил загреан за Ким, пред да се вљуби во сестра ... „Постојано скришно зјапав во Ким, не ми е гајле ако таа е гардероберка, многу е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg