Забавни, емотивни и чудни моменти од доделувањето на Еми награди 2024

Стоечки овации за Кристина Еплгејт која и покрај битката со мултипла склероза, се качи на сцената, но и многу негодувања бидејќи на настанот присуствува Кортни Кардашијан и Тревис Баркер. Како помина доделувањето на 75-тото издание на Еми наградите?

zabavni-emotivni-i-chudni-momenti-na-dodeluvanjeto-na-emi-nagradi-2024-01.jpg

Околу четири месеци откако беше одложено, синоќа конечно се одржа 75-тото издание на Еми наградите.

Настанот требаше да се одржи во септември 2023-та, но мораше да биде одложен поради штрајкот во Холивуд.

На Еми наградите им се дава признание на најдобрите серии од изминатата година, а овој пат доминираше Succession.

zabavni-emotivni-i-chudni-momenti-na-dodeluvanjeto-na-emi-nagradi-202402.jpg

Серијата освои статуетка за најдобра драма, најдобра главна машка и женска улога, најдобра режија, најдобро сценарио, но и најдобра споредна машка улога.

Со неколку статуетки се закити и серијата Beef, која победи во категориите најдобра мини антологиска серија, најдобра главна машка и женска улога во мини антологиска серија, најдобро сценарио, како и најдобра режија во својот жанр.

Целата листа на победници можете да ја погледнете ТУКА.

Во продолжение, дел од забавните, емотивните, но и чудните моменти што го одбележаа доделувањето:

Кристина Еплгејт, која има мултипла склероза, храбро зачекори на сцената со бастун како презентер за една од наградите.

Како што актерката се доближи до микрофонот, сите во публиката станаа и почнаа гласно да ѝ ракоплескаат.

На црвениот тепих се појави личност со морничава маска на гоблин, облечена во зелен фустан.

Подоцна се покажа дека станува збор за учесник во популарното ријалити шоу RuPaul’s Drag Race.

Елтон Џон освои статуетка за најдобра изведба во живо и со тоа стана една од ретките личности кои ги имаат освоено четирите главни американски награди од забавната индустрија – Еми, Греми, Оскар и Тони.

Но, пејачот воопшто не беше присутен за да го прифати признанието.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
Вирални (и непријатни) моменти што ги обележаа MTV VMA 2025 + најсмешните твитови за настанот Доџа Кет си стави кармин на црвениот тепих, па го изеде, Аријана Гранде мака мач...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава