Ријана пееше кај најбогатиот Индиец: Доби 6 милиони долари, ги згреши имињата на идните младенци

На Твитер се шегуваат дека за 6 милиони долари Ријана не само што требала да ги знае имињата на младенците, туку и на членовите на нивните семејства до трето колено.

rijana-peeshe-na-svadba-kaj-najbogatiot-indiec-za-6-milioni-dolari-a-gi-zgreshi-iminjata-na-mladencite-01.jpg.jpg

Светската ѕвезда Ријана викендов пееше на претсвадбената веселба кај најбогатиот Индиец, милијардерот Мукеш Амбани, кој во јуни ќе го жени синот Анант Амбани за Радика Мерчант.

За својот настап, прв откако го роди второто дете и прв по Супербоул 2023, Ријана доби 6 милиони долари.

rijana-peeshe-na-svadba-kaj-najbogatiot-indiec-za-6-milioni-dolari-a-gi-zgreshi-iminjata-na-mladencite-04.jpgАнант Амбани и Радика Мерчант

Во текот на концертот таа ги поздрави идните младенци, но им ги згреши имињата, поради што стана мета на потсмев на социјалните мрежи.

На Твитер велат дека за 6 милиони долари не само што требала да ги знае имињата на младенците, туку и на членовите на нивните семејства до трето колено.

На социјалните мрежи се споделуваат и видеа од нејзиниот настап на кои таа делува по малку незаинтересирано и пее и игра како без душа.

Инаку, на претствадбената веселба во Индија, меѓу гостите беше и Бил Гејтс заедно со поранешната сопруга, Марк Закерберг, Иванка Трамп и други. 

rijana-peeshe-na-svadba-kaj-najbogatiot-indiec-za-6-milioni-dolari-a-gi-zgreshi-iminjata-na-mladencite-03.jpg

За оваа забава, Амбани, наводно потрошил околу 120 милиони долари.

Според магазинот Forbes, тој е најбогатиот човек во Азија, а 11-ти најбогат човек во светот.

rijana-peeshe-na-svadba-kaj-najbogatiot-indiec-za-6-milioni-dolari-a-gi-zgreshi-iminjata-na-mladencite-05.jpg

rijana-peeshe-na-svadba-kaj-najbogatiot-indiec-za-6-milioni-dolari-a-gi-zgreshi-iminjata-na-mladencite-02.jpg

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Жена пукала со пиштол кон домот на Ријана додека пејачката била внатре – хеликоптер и полициски вози... Жена на возраст од 30-тина години од автомобил испукала неколку куршуми кон домо...
Девојката на ди Каприо доживеа „несреќа“ со распукан фустан на свадба кај Безос + моментот кога Лоре... Девојката на Леонардо ди Каприо сподели непријатен и засрамувачки момент од фуст...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...

Најчитани неделава