Девојката на ди Каприо доживеа „несреќа“ со распукан фустан на свадба кај Безос + моментот кога Лорен се топеше пред Лео
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2025
Девојката на Леонардо ди Каприо сподели непријатен и засрамувачки момент од фустанот кој ѝ пукнал на бутовите, на една од забавите по повод свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, која кога го запозна Лео се топеше пред него со заводнички поглед, иако саканиот стои до неа.

Во исто време најпопуларна во јавноста, но и најмистериозна свадба на годината, па и на деценијата, беше онаа на Џеф Безос и Лорен Санчез, кои викендов го прославија стапувањето во брак.
Тие имаа тридневни прослави во Венеција по повод крунисувањето на љубовта, а главната венчална церемонија се случи во петокот.

Прочитајте повеќе: Забрана за телефони, „пижама парти“ со богаташи: Како помина таинствената венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција?
Италијанскиот град беше преплавен со познати личности кои секојдневно беа фотографирани по повод прославите и забавите на „младенците“.
Помеѓу нив беше и Леонардо ди Каприо (50) со неговата девојка Виторија Черети (27), која освен што изгледаше прекрасно во различни аутфити, откри дека со еден од нив имала непријатна ситуација.
Таа на Инстаграм Стори сподели фотки на кои покажа дека фустанот, кој е креација на Dolce&Gabbana ѝ пукнал и целосно се искинал во пределот кај бутовите.

Овој стајлинг таа го одбрала за една од забавите на Безос во саботата, која била тематска, а гостите добиле инструкции да облечат пижами или удобна, но елегантна облека „за по дома“, па токму затоа нејзиниот фустан е целосно проѕирен.
дел од другите гости на истата забава, меѓу кои и Лео
Џеф и Лорен на истата забава
„Како започна и како продолжи“ – напиша таа на фотките на кои го спореди изгледот пред и откако фустанот се скинал.

Истиот модел на фустан, претходно го има носено и Жизел Бундшен, која му е бивша девојка на актерот.

Претходно Виторија беше фотографирана како се качува во такси на вода облечена исто така во тесна креација со цветови.

За церемонијата пак, моделот одбра црна елегантна тоалета, со коса прибрана во пунџа и луксузен накит.

Со Лео не беа фотографирани заедно, но папараците го уловија и него неколкупати откако пристигна во Венеција, иако постојано се обидуваше да се скрие.

На социјалните мрежи пак, повторно се споделува стара видео-снимка, од пред 4 години, кога Леонардо и Лорен Санчез се запознаа првпат на забава во Лос Анџелес.
Таа се топи пред него, па дури и малку флертува, додека го држи Џеф Безос за рака, кој е незаинтересиран за средбата со актерот.

Тогаш фановите се шегуваа со коментари од типот:
„Она кога имаш милијарди, а сепак не си Леонардо ди Каприо“.
Кликнете на видеото:
M. M. | Црнобело
