Леонардо ди Каприо (50) „мизерен“ на јахта на Ибица со девојка му (27), откако откри дека се чувствува како 32-годишник
- Детали
- вторник, 19 август 2025
Леонардо ди Каприо изгледаше како да му е навистина здодевно на јахта на Ибица, додека неговата девојка Виторија се упати кон брегот со група пријатели. Минатата недела, во интервју, актерот откри дека се чувствува како да има 32 години, но и дека откако го прославил 50-тиот роденден, сфатил дека повеќе не сака залудно да си го троши времето.

Периодов Леонардо ди Каприо е на одмор со девојка му Виторија Серети и додека повеќето можат само да сонуваат за летување на јахта, на актерот се чини дека му е здодевно.
50-годишниот Леонардо и неговата 27-годишна девојка Виторија неодамна беа фотографирани на јахта на Ибица.
Актерот, кој е видно ослабен, делуваше дури и мизерно, како Бен Афлек скоро секојпат кога ќе се појави на јавен настан.
Леонардо изгледаше како да му е здодевно, па влезе во водата, но набрзо потоа повторно се врати на истото место на јахтата, каде седеше замислено.
Виторија, пак, од јахтата се упати кон брегот со група пријатели и го покажа совршеното тело во црни бикини.
Актерот одамна е мета на шеги за неговите многу помлади девојки, најмногу бидејќи повеќето негови бивши беа помлади од 25 години кога излегуваа со него.
Сепак, изгледа врската со Виторија е посериозна и веќе се случува актерот да разменува нежности со неа во јавност – нешто што не било случај со претходните девојки.
Пред неколку денови тие повторно беа фотографирани на истата јахта, а во еден миг Виторија и нежно го удри по задникот.
Минатата недела, пак, за магазинот Esquirе, Леонардо даде интервју во кое откри интимни детали за себе, како фактот дека се чувства како да е во 30-тите години од животот. Тој суптилно ги спомна и предизвиците со кои се соочува во љубовта и животот како 50-годишен маж.
На Леонардо му беше поставено прашањето:
„Минатата година наполни 50 години. Дали ова ти изгледа како време кога треба да направиш саморефлексија?“
Актерот го коригира новинарот и му рече дека емоционално наполнил 35 години. Новинарот го прашува и:
„Ако не знаеше на која возраст си, колку години би имал?“
На ова, актерот одговара само „32“, а за тоа дали вистинската возраст го натерала да направи саморефлексија, тој изјави:
„Па, создава желба да бидам поискрен и да не си го трошам времето. Можам само да замислам како ќе се одвиваат наредните неколку децении.
На пример, ја гледам мајка ми и таа секогаш кажува што мисли и не си го троши времето. Не пробува да се преправа.
Да не си го трошите времето значи да бидете поотворени и да ризикувате работите да се распаднат, да ризикувате несогласувања или да се разделите, без разлика за каква врска станува збор – лична, професионална…
Мора да бидете поотворени. Ова е речиси како одговорност бидејќи сега поголем дел од животот веќе е зад вас, отколку што е пред вас“.
Шегите, но и критиките на сметка на Леонардо се засилија откако раскина со претходната девојка Камила Морон бидејќи ја остави кратко пред да наполни 25 години.
Тогаш извор близок до актерот откри дека тој сепак не барал помлади жени:
„Лео сега е сингл и не е радосен за гласините дека е во потрага по многу млади жени. Тој сака зрела партнерка. Смешно е што не може да отиде некаде, а да не почнат да го поврзуваат со најмладата жена таму.
Тој сака да се ослободи ваквата репутација еднаш засекогаш и мрази што овие шпекулации го следат“.
И, изгледа актерот навистина подготвен да „се смири“ бидејќи Виторија веќе има 27 години, а заедно се од 2023-та.
Спирова С. | Црнобело
