18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини

Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте знаеле дека Џулија Робертс ѝ е тетка на актерката Ема Робертс? Или дека Доли Партон ѝ е кума на Мајли Сајрус?

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-01.jpg

Ги гледате на филмското платно, ја слушате нивната музика, ги обожавате, а не знаете дека ги врзуваат роднински врски. 

Ова е листа од 18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини:

Стивен Спилберг ѝ е кум на Дру Баримор

Кумови на Дру Баримор ѝ се режисерот Стивен Спилберг и актерката Софија Лорен.

Дру својата попларност му ја должи токму на Спилберг, кој ѝ ја даде улогата на Герти во филмот E.T.

Останатото е историја.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-10.jpg

Фил Колинс ѝ е татко на Лили Колинс

Популарната Емили од серијата Emily In Paris, со години гради успешна кариера и во Британија и во Холивуд.

Но многумина не знаат дека нејзин татко е музичарот Фил Колинс, добитник на Греми награди и Оскар.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-02.jpg

Кејт Мидлтон и Гај Ричи се далечни братучеди

Режисерот Гај Ричи и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, се далечни братучеди.

Роднинските врски во нивното семејство датираат од пред неколку века, а режисерот беше поканет на свадбата на Кејт и Вилијам од страната на невестата, токму поради роднинските врски.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-06.jpg

Доли Партон ѝ е кума на Мајли Сајрус

Легендарната кантри пејачка е блиска пријателка со родителите на Мајли, па тие ја поканиле да биде кума на нивната ќерка.

Двете пејачки денес се многу блиски и често пеат заедно, а Мајли низ годините направи и неколку преработки на најпознатите хитови на Партон.

18-dzvezdi-za-koi-najverojatno-ne-znaete-deka-se-rodnini-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Светски ѕвезди кои не веруваат во брак и никогаш не се венчале Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Рајан Гослинг, Ал Пачино и Кајли Миног се само ...
16 ѕвезди кои изгледале „обично“ пред да станат славни (фото) Од Метју Меконахи, преку Џенифер Анистон, до Џон Леџенд и Бруно Марс - како изгл...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg