Зошто славните се уплашени по апсењето на Пи Диди - Ги приморувал да учествуваат во оргии, па ги снимал

Познато е дека и пејачката беше уапсена заедно со него заради нелегално поседување оружје, по што нивната љубовна приказна заврши, а таа рече дека причина за раскинувањето било тоа што тој постојано ја изневерувал.

„Никогаш не го фатив на дело, но знаев. Ќе ми речеше дека излегува на неколку часа и потоа не се враќаше по цела ноќ“ – рече Џеј Ло во една пригода.

gi-primoruval-da-uchestvuvaat-vo-orgii-pa-gi-snimal-zoshto-slavnite-se-uplasheni-po-apsenjeto-na-pi-didi-19.jpg

Прочитајте и Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби

Меѓу другите славни личности кои се соочуваат со проблеми е и Џастин Бибер, кому Пи Диди му беше ментор од почетокот на кариерата, а на Твитер масовно се споделуваат видеата на кои се гледа како тој позира со 17-годишниот Џастин и го прашува зошто веќе не се дружат како порано.

Многумина се прашуваат и се сомневаат дали и младиот музичар бил жртва на Пи Диди, уште додека бил малолетен.

Исто така објавено е уште едно видео, на кое Пи Диди го „допира“ Џастин по телото, на кое навидум изгледа дека го проверува својот ученик дали носи опрема за прислушување на себе.

Освен нив, засега не се огласила ниту поранешната девојка на раперот Кеси Вентура, која јавно излезе и обелодени што сè ѝ се случувало додека живеела заедно со него, а спорот со него го реши во вонсудска постапка и се верува дека Пи Диди ѝ платил 100 милиони долари за да молчи.

gi-primoruval-da-uchestvuvaat-vo-orgii-pa-gi-snimal-zoshto-slavnite-se-uplasheni-po-apsenjeto-na-pi-didi-07.jpg

Прочитајте и „10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни обвиненија

Инаку, додека траеше истрагата за трговијата со луѓе, во јавноста проговори човекот кој е обвинет за убиството на рап музичарот Тупак, Дуан Кифи Ди Дејвис.

Тој беше обвинет за убиството на Тупак, а наводно според пишувањата на дел од таблоидите во јули годинава, за време на испрашувањето во полиција, осудениот убиец потврдил дека Пи Диди во тоа време понудил 1 милион долари за убиството на славниот рапер.

gi-primoruval-da-uchestvuvaat-vo-orgii-pa-gi-snimal-zoshto-slavnite-se-uplasheni-po-apsenjeto-na-pi-didi-04.jpg

Сè на сè, ако се земе предвид неговото криминално минато, но и видеоснимките, за кои сè уште не се знае кој бил меѓу „ѕвездите“ кои се впуштале во сексуални активности со проститутките, јасно е зошто голем дел од славните избираат мудро да молчат додека го чекаат исходот од судењето.

gi-primoruval-da-uchestvuvaat-vo-orgii-pa-gi-snimal-zoshto-slavnite-se-uplasheni-po-apsenjeto-na-pi-didi-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg