Од совршена домаќинка, до затворска казна: Лудата животна приказна на првата милијардерка од САД

Марта го изневерувала сопругот, но и тој неа, па во 1990 година се развеле.

А, само три години по разводот, бившиот сопруг Ендру се венчал со асистентката на Марта која била 21 година помлада од него.

od-sovrshena-domakjinka-do-zatvorska-kazna-ludata-zhivotna-prikazna-na-prvata-milijarderka-od-sad-09.JPG

Сепак, Марта не дозволила приватните проблеми да ја одвратат од целта да стане успешна.

Добивала сегменти во емисии, издавала книги, а основала и нејзино списание.

Во 1996-та го основала конгломератот Martha Steward Living Omnimedia, а кога почнала да продава акции, станала првата жена милијардер во САД.

od-sovrshena-domakjinka-do-zatvorska-kazna-ludata-zhivotna-prikazna-na-prvata-milijarderka-od-sad-13.JPG

Но, по некое време се дозна дека Марта користела нелегални трикови за да го стекне богатството.

Имено, таа манипулирала со акциите на нејзиниот конгломерат, односно ги продавала кога знаела дека ќе следи финансиска загуба.

Со тоа ги оштетувала луѓето кои ги купувале акциите.

Во 2004 година заврши на суд и беше прогласена за виновна под неколку точки, па доби 5-месечна затворска казна.

По ослободувањето уште 5 месеци беше во домашен притвор, а потоа уште година и пол имаше условна казна.

od-sovrshena-domakjinka-do-zatvorska-kazna-ludata-zhivotna-prikazna-na-prvata-milijarderka-od-sad-04.JPG

Нормално, ова се одразило на нејзиниот бизнис – никој не сакал да рекламира во нејзиното списание, а опаднала гледаноста и на нејзините емисии и видеа.

По завршувањето на казната, Марта проба да се активира со нова емисија, но безуспешно.

Дури во 2015 година работите тргнаа во нагорна линија за неа.

od-sovrshena-domakjinka-do-zatvorska-kazna-ludata-zhivotna-prikazna-na-prvata-milijarderka-od-sad-7.JPG

Но, наместо во емисија за домаќинство, Марта се појави во емисија на каналот Comedy Central познат по комичните сегменти.

Во првото појавување стоеше рамо до рамо со Џастин Бибер и се шегуваше на своја сметка, особено за времето поминато зад решетки, а вели ова ѝ дало можност да ја покаже својата забавна страна.

Во истата епизода, се појавува и со Снуп Дог.

Поради хемијата што ја имаа пред камера, веднаш им беше понудена емисија.

od-sovrshena-domakjinka-do-zatvorska-kazna-ludata-zhivotna-prikazna-na-prvata-milijarderka-od-sad-15.JPG

И двајцата прифатија, па шоуто на Марта Стјуарт и Снуп Дог се емитуваше цели четири години.

Денес Марта си ја врати старата популарност и иако можеби не е милијардер, дефинитивно се држи добро.

А, Снуп Дог до денес ѝ е еден од најдобрите пријатели.

od-sovrshena-domakjinka-do-zatvorska-kazna-ludata-zhivotna-prikazna-na-prvata-milijarderka-od-sad-4.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Беа разделени поради неверство, имаат деца и внуци: Љубовта на Снуп Дог и сопругата трае скоро 30 го... Иако можеби е тешко да се замисли, Снуп Дог е посветен на семејството. Со сопруг...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...

Најчитани неделава