Го однесе на рехабилитација, го теши по разводот: Дали Џенифер Гарнер е „вистинската“ за Бен Афлек?

Скоро 10 години по разводот, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се мошне блиски и не само што заедно се грижат за нивните деца, туку и постојано се поддржуваат. Па, многумина почнаа да се прашуваат дали можеби оваа Џенифер, а не Џеј Ло, била „вистинската“ за Бен Афлек…

go-odnese-na-rehabilitacija-go-teshi-po-razvodot-dali-dzhenifer-garner-e-vistinskata-za-ben-aflek-01.jpg

И покрај алкохолизмот, наводната афера и разводот, Џенифер Гарнер остана покрај Бен Афлек и постојано му дава поддршка, особено периодов кога актерот се разведува од другата Џенифер.

Заедно се грижат за нивните деца и во Холивуд важат за пример за тоа како треба да функционира разведен пар.

Од папарацо фотките е повеќе од очигледно дека меѓу нив постои голема близина, па по разводот од Џеј Ло, фановите се прашуваат дали можеби Гарнер била „вистинската“ за Бен, но тој си ја прокоцкал шансата со неа.

Неколку детали за љубовната приказна на Бен и Џенифер Гарнер, и нивното пријателство по разделбата:

Бен Афлек и Џенифер Гарнер се запознаа во 2000 година, на сетот на филмот Pearl Harbor.

Потоа, во 2002 година, повторно соработуваа, овој пат на филмот Daredavil, а Бен има изјавено дека тогаш се вљубил во неа.

Тој период актерот беше во врска со Џеј Ло, а Гарнер беше во брак со Скот Фолеј.

Следната година, Афлек и Гарнер гостуваа во ток-шоу, а по емитувањето на епизодата, водителот изјави дека сведочел „како Џенифер се вљубува во Бен за време на снимањето“.

go-odnese-na-rehabilitacija-go-teshi-po-razvodot-dali-dzhenifer-garner-e-vistinskata-za-ben-aflek-08.JPG

Кратко по снимањето на ток-шоуто, Гарнер најави дека се разведува, а неполна година подоцна, Бен и Џеј Ло ја раскинаа свршувачката.

Во октомври 2004 година, Џенифер Гарнер и Бен Афлек првпат се појавија во јавност како пар, на бејзбол натпревар.

Но, даваа сè од себе да скријат детали од јавноста – дури и свадбата им беше мала церемонија со 2-3 гости.

Во наредните 10 години, колку што траеше нивниот брак, парот доби три деца, а во јавност постојано кажуваа убави работи еден за друг.

Дури и кога добиваа награди, не ја пропуштаа можноста да спомнат колку се сакаат.

go-odnese-na-rehabilitacija-go-teshi-po-razvodot-dali-dzhenifer-garner-e-vistinskata-za-ben-aflek-04.JPG

Иако изгледаа како најсреќниот пар во Холивуд, во 2015-та тие соопштија дека се разведуваат.

Според магазинот US Weekly, на разводот претходела аферата на Бен Афлек со нивната дадилка.

Но, портпаролот на актерот остро ги негираше гласините.

go-odnese-na-rehabilitacija-go-teshi-po-razvodot-dali-dzhenifer-garner-e-vistinskata-za-ben-aflek-03.JPG

Од разводот до денес, Бен и Џенифер избегнуваат да се критикуваат еден со друг, редовно заедно присуствуваат на настани за нивните деца, но и се поддржуваат во тешки моменти.

Единствено, додека беше со Џеј Ло, Бен изјави дека уште би пиел доколку останел со Гарнер, но оттогаш нема кажано ниту еден лош збор за неа.

go-odnese-na-rehabilitacija-go-teshi-po-razvodot-dali-dzhenifer-garner-e-vistinskata-za-ben-aflek-05.JPG

Во 2016 година, Гарнер откри дека од САД, ги однела децата во Лондон, само за да можат да го видат татко им кој таму снимал филм.

Можеби најмногу поддршката што Бен ја добива од Гарнер беше изразена за време на неговата битка со алкохолизмот.

go-odnese-na-rehabilitacija-go-teshi-po-razvodot-dali-dzhenifer-garner-e-vistinskata-za-ben-aflek-10.JPG

Актерот првпат беше на рехабилитација во 2001 година, а мораше да се пријави во клиника и во 2017 и 2018-та.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава