Славни личности кои признаа дека се алкохоличари (и успешно се ослободија од порокот)

Бредли Купер

Во 2013-та, актерот изјави дека ако не се ослободил од алкохолизмот, дотогаш животот сигурно ќе му бил уништен.

Неодамна, пак, откри дека додека имал проблеми со алкохолот, се чувствувал безвредно и немал никаква самодоверба.

slavni-lichnosti-koi-priznaa-deka-se-alkoholichari-i-uspeshno-se-oslobodija-od-porokot-06.jpg

Зек Ефрон

Актерот беше на рехабилитација во 2013 година, поради зависност од алкохол, но и од дрога.

Кога се ослободи од пороците, изјави дека животот му се променил.

„Најдов структура во мојот живот. Сфатив дека колку вложувам, толку добивам и тоа ми беше поттик“.

slavni-lichnosti-koi-priznaa-deka-se-alkoholichari-i-uspeshno-se-oslobodija-od-porokot07.jpg

Ен Хатавеј

Убавата актерка минатата пролет се пофали дека не пие алкохол веќе пет години.

Вели дека донекаде можела да се контролира со алкохолот, но не можела да ги поднесе мамурлаците.

„Последниот мамурлак што го имав траеше пет дена. Кога ќе има повеќе слободно време, можеби во иднина ќе се напијам некоја пијачка.

Но, додека треба да се грижам за дете, ќе бидам трезна“, изјави актерката.

slavni-lichnosti-koi-priznaa-deka-se-alkoholichari-i-uspeshno-se-oslobodija-od-porokot-08.jpg

Бела Хадид

Познатиот модел откри дека не пие алкохол од 2022 година, а проблемот со алкохолизмот ѝ бил толку сериозен, што се плашела да излегува бидејќи знаела дека нема да се врати трезна.

Кога на лекарски преглед дознала дека алкохолот и влијае и на мозокот, решила да стави крај.

„Постојано бев под стрес бидејќи сум испила многу, а реално немав никаква корист од тоа што пиев“, изјави актерката.

slavni-lichnosti-koi-priznaa-deka-se-alkoholichari-i-uspeshno-se-oslobodija-od-porokot-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна... Повеќе од цела деценија, Кифер Сатерленд немаше проблеми со законот. Во минатото...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
Лиам Пејн почина, Ник Картер ќе оди на суд: Проклетството што ги следи некогашните „бој бендови“ Роби Вилијамс беше зависен од дрога, а имаше и депресија, додека Лиам Пејн траги...

Најчитани неделава