Лиам Пејн почина, Ник Картер ќе оди на суд: Проклетството што ги следи некогашните „бој бендови“
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
Роби Вилијамс беше зависен од дрога, а имаше и депресија, додека Лиам Пејн трагично го загуби животот откако падна од балкон.

Во 1990-тите и раните 2000-ти, таканаречените „бој бендови“ беа сеприсутни.
Backstreet Boys, Take That и NSYNC доминираа овој период, додека One Direction и Jonas Brothers успеаја да го продолжат трендот и по 2010-та.
Денес овие групи се растурени, но дел од членовите имаат изградено импресивни музички кариери, како Џастин Тимберлејк, Роби Вилијамс, па и Хари Стајлс.
Но, повеќето членови како да ги следела несреќа.
Сите ја почнале кариерата на многу рана возраст, некои и во тинејџерските години, па не секој од нив можел да го издржи притисокот од славата.
Некои само се повлекле од музичката индустрија, но други се соочиле со сериозни проблеми, како зависност од дрога, но и прерана смрт.
Пејачи кои потпаднале на „клетвата на бој бендовите“:
Лиам Пејн
На 16-ти октомври 2024 година, Лиам Пејн трагично го изгуби животот откако падна од балкон во хотел во Буенос Аирес.
Пејачот, кој се прослави со One Direction, имаше само 30 години, а токсиколошката анализа покажала дека во неговиот организам имало микс од нелегални супстанци, како екстази и кетамин.
Според очевидците, непосредно пред смртта, Лиам се однесувал чудно и агресивно во хотелското лоби, па дури и кажувал дека бил во лоша состојба поради бој бендот.
Претходно пејачот имаше зборувано за притисокот што го чувствувал додека беше дел од One Direction, како и периодот кога сметал дека го допрел дното.
„Се прашував колку можам да потонам. Каде е моето дно? И, никој не забележуваше. Многу добро криев“.
Тој сподели и дека многупати одел на терапија за проблеми со менталното здравје, но и за неговата зависност од дрога и алкохол.
Еј Џеј Меклин
Еј Џеј Меклин беше дел од Backstreet Boys и повеќе од две децении беше зависен од дрога.
Има откриено дека првпат пробал кокаин додека го снимале спотот за песната The Call.
„Помислив дека дрогата и алкохолот ќе ми помогнам да се справам со несигурноста. Но, во реалноста, работите се одвиваат поинаку“.
До 2001 година, неговата зависно излегла од контрола, па членовите на бендот решиле да разговараат со него.
Но, актерот не успеал да се ослободи од порокот сè до 2019 т-а, кога отишол на концерт на Шанаја Твејн.
„Знаев од каде ќе земам дрога. Знаев каде ќе одам да се опијам. Си помислив дека сум таму само за една ноќ, па ако не се задржам до доцна и не мирисам на алкохол, тогаш можам да си одам дома кај сопругата и децата.
Но, не спиев, испуштив два авионски лета и смрдев на алкохол кога си дојдов дома.
Со сопругата имавме договор – ако мирисам со алкохол, да не можам да си играм со децата. И, тогаш не смеев да си играм со нив“.
Пејачот вели дека ова го натерало да стане свесен за сериозноста на неговиот проблем, па веднаш отишол на рехабилитација.