„Отсекогаш знаев дека сакам да сум жена“: Која е Карла Софија Гаскон, првата трансродова актерка номинирана за Оскар?

Карла Софија Гаскон, родена како Карлос, ја завршила транзицијата во 2018 година и иако сопругата ја прифатила, се шегува дека се претворила во камен кога првпат ја видела како жена. Што знаеме за првата трансродова актерка која доби номинација за Оскар 2025?

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-01.jpg

Мексиканската актерка Карла Софија Гаскон вчера (23.01) доби номинација за Оскар за најдобра актерка во главна улога, и со тоа стана првата трансродова жена која е номинирана за престижната филмска награда.

Таа ја има главната улога во филмот Emilia Pérez, каде што глуми наркобос кој сака да се пензионира за да може да си го промени полот и да го продолжи животот како жена.

Филмот наиде и на добри, и на лоши критики, најмногу поради темата што ја обработува, но според многумина, веќе е меѓу фаворитите за Оскар.

За улогата, Карла веќе освои неколку награди, вклучувајќи и „Златна палма“ за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал минатата година.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-2.JPG

Што знаеме за Карла Софија Гаскон?

Карла ја почнала кариерата како машки актер (Карло Гаскон) во мексикански теленовели, но вели дека знаела дека сака да биде жена, односно девојче, уште во детството.

„Уште на 4-годишна возраст, гледав други девојчиња и си мислев ’И јас сакам да бидам таков‘.

Или, кога ќе видев девојка на телевизија, повеќе се поврзував со женските ликови, отколку со машките“.

Но, таа вели дека не ни помислувала да им каже на родителите за своите чувства.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-07.JPG

На 16-годишна возраст почнала да размислува за актерска кариера, па се пријавила во агенција за кастинг.

Брзо почнала да добива улоги, но повеќето како статист.

Сепак истакнува дека и работата како статист ѝ помогнала да научи многу за индустријата.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-06.JPG

Истовремено, поради овој период од животот, вели научила да ги почитува статистите.

„Пробувам да им обрнувам внимание бидејќи знам какво е чувството кога мислите дека ни Бог не ве забележува.

Денес пробувам да ги охрабрам и да им кажам дека и јас сум била во таква положба, па не треба да губат надеж“.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar-11.JPG

Кога наполнила 20 години, Карла го изгубила брат ѝ – загинал во скијачка несреќа.

Додека се справувала со смртта на брат ѝ, но и својот идентитет, Карла морала да почне да бара постојана работа, не само како статист.

Извесен период поминала во Лондон каде што работела на неколку серии.

Пред транзицијата во жена, Карла била во сериозна врска со девојка, а кон средината на 20-тите години од животот, тие стапиле во брак, а заедно имаат и ќерка.

otsekogash-znaev-deka-sakam-da-sum-zhena-koja-e-karla-sofija-gaskon-prvata-transrodova-akterka-nominirana-za-oskar4.JPG

Во доцните 90-ти кариерата почнала да ѝ оди во нагорна линија и Карла почнала да добива улоги во теленовели.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава