Не добиваат многу пари, но живеат како кралици: Кои правила ги следат сурогат мајките на славните?

Сурогат мајките се третирани како кралици

Можеби не добиваат многу пари, но во текот на бременоста, сурогат мајките на славните добиваат кралски третман.

Според сопственичка на агенција за сурогат мајки, тие имаат право да бараат приватен готвач, личен тренер и што било што сакаат.

„Ако, на пример, сурогат мајката на Ким Кардашијан сака масажа, ќе ја добие.

Сигурно ќе има нутриционист, ќе јаде само органска храна. Можеби ќе има и личен готвач и тренер“, вели сопственичката за магазинот The Cut.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-09.JPG

Исто така, славните сакаат сурогат мајката да биде во нивна близина во текот на бременоста и да се породи во одредена болница.

Ова значи дека ќе ѝ покријат трошоци за патување или сместување додека трае бременоста.

„Да речеме дека сурогат мајка живее во Тексас. Славните ќе ѝ понудат пред породувањето да живее во нивна близина.

Ќе ѝ платат за патот, за сместувањето, ќе ѝ дозволат да си го понесе и нејзиното семејство ако сака“.

Сурогат мајките честопати добивале и скапи подароци од славните, особено по породувањето, во знак на благодарност.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-04.JPG

Потпишуваат согласност за молчење

Славните се подготвени да одат до екстреми за да ја зачуваат својата приватност.

Некогаш тие го кријат и својот идентитет од сурогат мајката, барем на почетокот.

„Во почетните фази од процесот не споделуваат многу информации бидејќи веќе поминале низ болен период додека се обидувале да забременат самите.

Не се потполно сигурни дека бременоста на сурогат мајката ќе биде успешна, па не сакаат да се зближат со неа на почетокот.

Комуникацијата е бавна на почетокот, барем додека бременоста не е потврдена“, додава друг сопственик на агенција за сурогат мајки за Daily Mail.

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-03.JPG

Откако бременоста ќе биде потврдена, сурогат мајката мора да потпише согласност за молчење.

Додека трае бременоста, сурогат мајките не смеат да објавуваат ни фотки на социјалните мрежи без дозвола од биолошките родители.

Сепак, ова правило важело главно за сите што користат сурогат мајка, не само познатите личности.

Прочитајте и: Познати личности кои добија дете со сурогат мајка

ne-dobivaat-mnogu-pari-no-zhiveat-kako-kralici-koi-pravila-gi-sledat-surogat-majkite-na-slavnite-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто) Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Шарлиз Терон се присетува на ноќта кога мајка ѝ го убила татко ѝ: „Ни се закануваше со пиштол, знаев... „Мајка ми сфати колку е сериозна ситуацијата и истрча да го земе нејзиниот пишто...

Најчитани неделава