Забавни моменти од доделувањето на SAG наградите 2025 + најдобрите твитови за настанот

Уште на самото отворање на настанот, Харисон Форд го украде шоуто бидејќи не престануваше да јаде зад водителката која зборуваше. За фановите на Gossip Girl, пак, имаше обединување на Лејтон Мистер и колешката Кристен Бел која е нараторот во серијата.

zabavni-momenti-od-dodeluvanjeto-na-sag-nagradite-2025-najdobrite-tvitovi-za-nastanot-01.jpg

Сезоната на награди е во полн ек и синоќа (23.02) се одржа 31-то доделување на SAG наградите.

За разлика од Оскарите каде се наградуваат само филмови, SAG награди добиваат и серии, па на настанот беа собрани најпознатите, но и најдобрите филмски и ТВ актери.

Деми Мур доби награда за улогата во The Substance, исто како и Тимоти Шаламе за изведбата во The Complete Unknown.

Колин Фарел освои награда за улогата во серијата Penguin, додека Џесика Ганинг доби статуетка за изведбата во Baby Reindeer.

И Селена Гомез доби награда заедно со колегите од серијата Only Murders in the Building.

Дел од моментите што го одбележаа настанот:

Можеби највиралниот момент е од самото отворање на настанот, кога Харисон Форд безгрижно јаде зад водителката Џесика Вилијамс.

Кристен Бел испеа пародија на хитот од FrozenDo You Want to Build a Snowman.

Наместо оригиналните стихови, таа пееше Do You Wanna Be an Actor (дали сакаш да бидеш актер), додека на видеобимот имаше инсерти од првите улоги на номинираните актери.

Џејн Фонда доби награда за животно дело, а нејзиниот емотивен говор веднаш почна да се споделува масовно.

Таа се осврна на нејзиниот подоцен успех во филмската индустрија, истакнувајќи дека нема ништо погрешно во тоа да успеете подоцна во животот, а зборуваше и за својата љубов кон глумата, како и за важноста од емпатијата.

„Сакам да глумам. Со глумењето ги отвораме умовите на луѓето за нови идеи и им помагаме да се смеат кога времињата се тешки – како сега.

И, за жена како мене која порасна во ’40-тите и ’50-тите, кога жените не смееја да имаат мислење и да покажат гнев, глумењето ми даде шанса да глумам гневни жени кои имаат мислење“.

На големо изненадување на фановите на X-Files, како презентери се појавија ѕвездите од серијата - Дејвид Духовни и Џилијан Андерсон.

Но, додека нивната хемија на серијата е одлична, на сцената делуваа како да им е малку непријатно.

На настанот имаше и друго обединување – Кристен Бел и Лејтон Мистер од Gossip Girl.

Моментот кога Аријана Гранде и Синтија Ериво трчаа кон сцената за да презентираат награда.

Реакцијата на Селена Гомез кога сфати дека доби награда.

И Тимоти Шаламе делуваше изненадено кога го прогласија за победник.

На следната страница, најзабавните твитови за настанот...



Би можело да ве интересира:

Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...
Постојано се фали, си носи личен готвач кога снима: Тимоти Шаламе се однесува како „разгалена дива“ Тимоти Шаламе си донел приватен готвач додека го снимал Wonka од кој барал да му...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Вирални (и непријатни) моменти што ги обележаа MTV VMA 2025 + најсмешните твитови за настанот Доџа Кет си стави кармин на црвениот тепих, па го изеде, Аријана Гранде мака мач...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...

Најчитани неделава