30 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2025 и забавата по доделувањето
- Детали
- понеделник, 03 март 2025
Миранда Кер носеше фустан како песочен часовник и блескаше покрај сопругот, Мик Џегер по долго време се појави во јавноста со 44-години помладата сопруга... Како изгледаа некои од најубавите парови на Оскари 2025 и забавата по доделувањето?

Како што одминуваат годините, филмовите и добитниците на наградите како да паѓаат во сенка споредено со модата на црвениот тепих, паровите кои го следат настанот и постоскаровската забава, која ја организира магазинот Vanity Fair.
Голем дел од ѕвездите се појавија на двете места, дел заблескаа покрај своите партнери само на црвениот тепих на Оскарите, а други беа само на забавата на Vanity Fair.
Добитничката на Оскар за споредна женска улога, Зои Салдана, со наградата в рака позираше со сопругот Марко Перего Салдана.
Криси Тајген позира во бел фустан покрај сопругот Џон Леџенд, а поранешниот модел на Victoria’s Secret, Миранда Кер блесна во црвен фустан покрај сопругот.
Мик Џегер (81) беше вистинско изненадување - легендарниот пејач на The Rolling Stones дојде на Оскарите со својата 44 години помлада сопруга, Мелани Хамрик.
Погледнете некои од најубавите парови кои издоминираа на црвениот тепих на Оскарите, но и на Vanity Fair забавата по доделувањето на наградите.
Црвениот тепих на Оскарите и салата во театарот Долби:
Тимоти Шаламе и Кендал Џенер


Роберт Дауни Џуниор и Сузан Дауни

Аријана Гранде и Далтон Гомез


Селена Гомез и Бени Бланко


Киран Калкин и Џез Чартон

Марк Консуелос и Кели Рипа

Голди Хоун и Курт Расел

Џеф Голдблум и Емили Ливингстон

Мајлс Телер и Кејла Телер
