Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото

Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гласот. Тој почина на 65-годишна возраст, од компликации со пневмонија.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-01.jpg

По низа здравствени проблеми, вклучувајќи и рак на грлото, актерот Вал Килмер почина на 65-годишна возраст.

Актерот кој ќе биде запомнет по улогите во Batman и Top Gun починал вчера (01.04) од пневмонија, а веста ја сподели неговата ќерка Мерцедес Килмер.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-4.JPG

Актерот имаше рак на грлото поради што му беше направена трахеотомија – хируршки зафат со кој се прави дупка на вратот со цел да се олесни дишењето.

Иако успеа да го победи ракот, актерот не можеше да зборува поради операцијата.

За да може да комуницира, тој користеше уред кој се поставува на вратот и кој произведува звук, исто како глас.

Со помош на вештачка интелигенција, звукот на уредот беше направен што е можно посличен до гласот на Вал Килмер.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-02.JPG

Како актерот се избори со ракот?

Вал Килмер ја добил дијагнозата за рак на грлото во 2015-та, но неколку години криеше од јавноста.

Подоцна откри дека самиот викнал брза помош бидејќи искашлал згрутчена крв и изгубил свест.

Се разбудил во болница, откако му била направена итна трахеотомија како третман за рак на грлото.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-11.JPG

Но, кога во јавност се појавија шпекулации дека има рак, тој негираше, тврдејќи дека нема канцероген тумор.

„Ви благодарам за поддршката, но немав тумор, операција за тумор или каква било друга операција. Имав компликација заради која беше најдобро да останам во болница.

Се молам за брзо закрепнување. Ве молам не грижете се“, напиша тој на Фејсбук.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-08.JPG

Сепак, шпекулациите за неговата здравствена состојба не стивнаа, особено бидејќи беше очигледно дека има проблеми со зборувањето и дишењето.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...

Најчитани неделава