Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото

На крај, во 2017 година, Вал призна дека има рак, а дотогаш веќе бил третиран со радијација и хемотерапија.

А, поради операцијата на грлото, гласните жици му биле толку многу отштетни, што едвај зборувал.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-03.JPG

До 2020 година, актерот откри дека ракот е во ремисија истакнувајќи дека закрепнал навистина брзо.

Сепак, оштетувањето на гласот беше непоправливо.

Во 2021 година, актерот објави документарец насловен Val во кој зборуваше за битката со ракот, но и уредот кој му помогнал да си го врати гласот, барем донекаде.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-7.JPG

Тој откри дека со помош на вештачка интелигенција, уредот користел глас кој е најблиску до неговиот.

„Мојот глас ми беше одземен. Луѓето не можат да ме разберат кога зборувам. Но, и покрај тоа јас се чувствувам како истата личност. Уште ја имам истата креативна душа. Душа која сонува за идеи и приказни.

Но, сега повторно можам да се искажам (со новиот глас), да ги споделам моите идеи со вас и уште еднаш да ви го покажам овој дел од мене.

Дел кој никогаш не исчезна, туку само се криеше“, изјави актерот во документарецот.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-05.JPG

Среде битката со ракот, Вал Килмер речиси целосно ја паузира актерката кариера.

Но, во 2022 година, ја репризираше својата улога од серијалот Top Gun, во продолжението Top Gun: Maverick.

Актерот сакаше и да слика, а последните години од животот најмногу ги посвети на ова хоби.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-10.JPG

Иако го победи ракот, актерот јадел само преку цевка, а поради ова драстично ослабел.

Губењето на гласот имало влијание и врз неговото ментално здравје.

Се шпекулираше и дека има некаква автоимуна болест, но ова никогаш не беше потврдено.

pochina-val-kilmer-65-dzvezdata-od-top-gun-i-batman-go-izgubi-glasot-poradi-rak-na-grloto-9.JPG

Не е познато што точно му се случувало во последните денови од животот, освен дека имал пневмонија која веројатно се искомплицирала.

Прочитајте и: Криел дека има рак на грлото, со вештачка интелигенција го вратил гласот – Факти за Вал Килмер

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...

Најчитани неделава