Го оставила сопругот за него: Која е жената што го „растури“ бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер?

Покрај аферата со дадилката, некои извори тврдат дека Бен Афлек имал афера и со продуцентка додека беше во брак со Гарнер. Љубовницата и самата била во брак, а кога ја почнала аферата со Бен, само што добила дете со сопругот.

go-ostavila-soprugot-za-nego-koja-e-zhenata-shto-go-rasturi-brakot-na-ben-aflek-i-dzhenifer-garner-01.jpg

Бен Афлек делува како да нема многу среќа во љубовта – ја раскина првата свршувачка со Џеј Ло, се разведе од Џенифер Гарнер по 13 години брак, а кога повторно ѝ даде шанса на врската со Џеј Ло, се разведоа по едвај три години од свадбата.

Но, актерот остана близок со Џенифер Гарнер, без разлика што нивниот брак заврши поради неверство од негова страна.

Иако актерот негира, извори блиски до актерот тврдат дека тој имал афера со дадилката на нивните деца.

Но, се шпекулира и дека Бен имал афера со уште една жена – Линдзи Шукус која му беше девојка извесен период по разводот.

Неколку детали (и скандали) од врската на Бен Афлек и Линдзи Шукус:

Се запознале пред разводот на Бен и Џенифер Гарнер

Линдзи Шукус е продуцентка која порано работеше на популарното американско шоу Saturday Night Live.

Низ годините, Бен Афлек неколкупати гостувал во шоуто и таму ја запознал Линдзи.

Според некои извори, се запознале во 2013 година, кога Бен последен пат гостуваше во шоуто.

go-ostavila-soprugot-za-nego-koja-e-zhenata-shto-go-rasturi-brakot-na-ben-aflek-i-dzhenifer-garner-02.JPG

Наводно ја почнале врската додека и двајцата биле во брак

Според вработени во шоуто, Бен и Линдзи флертувале за време на снимањето. Некои извори, пак, тврдат дека тогаш почнале и афера.

Додека Бен беше во брак со Гарнер, Линдзи беше во брак со Кевин Милер кој исто така бил продуцент на шоуто.

Тој период таа доби и дете од него.

„Дефинитивно имаа афера. Тогаш и двајцата беа во брак. Тајно се среќаваа секојпат кога Бен доаѓаше во Њујорк, но се гледа и на други места.

И двајцата ги изневеруваа сопружниците, па беа внимателни. Џенифер Гарнер и Кевин Милер дознаа за аферата речиси истовремено“.

go-ostavila-soprugot-za-nego-koja-e-zhenata-shto-go-rasturi-brakot-na-ben-aflek-i-dzhenifer-garner-03.JPG

Други извори тврдат дека сепак почекале да се разведат

Од друга страна, има и извори кои тврдат дека Бен и Линдзи биле само добри пријатели додека биле во брак со други луѓе.

„Одамна се познаваат. Не беа во врска додека беа во брак – почнаа да се гледаат откако се разведоа“.

go-ostavila-soprugot-za-nego-koja-e-zhenata-shto-go-rasturi-brakot-na-ben-aflek-i-dzhenifer-garner-4.JPG

Линдзи се разведе следната година

Од непознати причини, Линдзи поднесе барање за развод во 2014 година, додека Бен и Гарнер се разделија во 2015-та. Но, разводот не им беше финализиран сè до 2018 година.

Според изворите, Линдзи го оставила сопругот за Бен:

„Линдзи беше во брак и имаше бебе, но реши да го остави Кевин за Бен.

Линдзи спиеше со Бен, постојано си праќаа слатки поради и се среќаваа кога што можеа“.

go-ostavila-soprugot-za-nego-koja-e-zhenata-shto-go-rasturi-brakot-na-ben-aflek-i-dzhenifer-garner-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува „Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...

Најчитани неделава