Купишта облека и ѓубре – Џин Хакман и сопругата живееле во хаос пред мистериозната смрт (фото)

Лекови, книги, кеси со намирници и куп облека насекаде – полицијата од Санта Фе објави фотографии од домот на Џин Хакман и сопругата Бетси кои живееле целосно изолирани и не сакале да најмат хигиеничари или каква било послуга во огромната куќа во која починаа.

planini-obleka-i-gjubre-dzhin-hakman-i-soprugata-zhiveele-vo-haos-pred-misterioznata-smrt-foto-01.jpg

Околу два месеца по мистериозната смрт, актерот џин Хакман и неговата сопруга Бетси Аракава беа погребани.

Семејството организирало приватна церемонија во Санта Фе, Ново Мексико – градот каде што парот и живееше.

Вo меѓувреме, полицијата од Ново Мексико сподели фотографии од домот на актерот и сопругата кој е во навистина лоша состојба.

planini-obleka-i-gjubre-dzhin-hakman-i-soprugata-zhiveele-vo-haos-pred-misterioznata-smrt-foto-02.JPG

Џин и Бетси живееја во огромна куќа, а сите простории што се фотографирани се во хаос. Книги, лекови, продукти за хигиена, кутии и купишта облека можат да се видат во секоја соба.

Гардероберот е преполн со облека која е закачена, но има и облека и на подот, на столови, во други соби…

Хаос владее и во кујната каде што има и хартиени кеси полни со продукти од пазарење.

Некои делови од куќата делуваат посредено, но главно во сите соби има бројни расфрлани предмети.

planini-obleka-i-gjubre-dzhin-hakman-i-soprugata-zhiveele-vo-haos-pred-misterioznata-smrt-foto-05.JPG

Во интервју од почетокот на март, ќерките на актерот открија дека татко им и Бетси биле многу приватни и не дозволувале некој да им го средува домот. Не сакале да најмат хигиеничари или каква било послуга.

Исто така, тие спомнаа дека последен пат ги виделе околу година и пол пред нивната трагична смрт.

planini-obleka-i-gjubre-dzhin-hakman-i-soprugata-zhiveele-vo-haos-pred-misterioznata-smrt-foto-06.JPG

Како причина за смртта на Бетси е наведена зараза со вирус кој го пренесуваат стаорци.

Претходно беше соопштено дека на имотот имало стаорци, но сега надлежните откриваат дека во главната куќа каде што живеел парот, и покрај хаосот, сепак немало наезда на стаорци или какви било паразити.

Но, најверојатно Бетси се заразила на друг дел од имотот, се претпоставува во гаражата.

planini-obleka-i-gjubre-dzhin-hakman-i-soprugata-zhiveele-vo-haos-pred-misterioznata-smrt-foto-4.JPG

Актерот, од друга страна, имал влошено здравје и Алцхајмерова болест во напредна фаза, па тоа се меѓу главните фактори за неговата смрт.

Надлежните претпоставуваат дека прво починала Бетси, а по неколку денови и Џин бидејќи не бил во состојба самиот да се грижи за себе.

Парот се грижел и за три кучиња, од кои едното беше пронајдено мртво со нив, најверојатно поради дехидратација, бидејќи било заробено во куќата.

Погледнете и: Последните денови на Џин Хакман: Имал деменција и цела недела гладувал, откако сопругата починала од вирус

Повеќе фотографии од домот на парот во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...

Најчитани неделава