Семејно насилство, пијани тепачки, напад на полицајци: Бројните скандали на актерот Шиа Лабаф
- Детали
- сабота, 03 мај 2025
Актерот Шиа Лабаф завршува во полициска станица барем еднаш годишно, а бившата девојка го тужи за емоционално и физичко насилство и тврди дека намерно ја заразил со сексуално пренослива болест.
Шиа Лабаф ја почна холивудската кариера уште во детството, со улога во серија на Дизни.
Со филмскиот серијал Transformers стекна светска слава и многупати се докажа како солиден актер.
Тој се појави и во музичкиот спот на Сиа за песната Elastic Heart што многумина го оценија како контроверзен, а оттогаш, актерот не престана да нижи скандали.
Па, сега, Шиа Лабаф е многу попознат поради скандалите отколку поради актерската кариера.
Дел од најголемите скандали на актерот низ годините:
Првпат бил уапсен на 11-годишна возраст
Актерот самиот има откриено дека првпат бил уапсен на само 11-годишна возраст, бидејќи украл конзола за играње од продавница.
Потоа, на 21-годишна возраст, под дејство на алкохол, Шиа почнал да прави неред во продавница во Чикаго.
Откако од обезбедувањето не можеле да го натераат да излезе надвор, повикале полиција, по што актерот бил уапсен.
Сепак, избегнал казна бидејќи вработените во продавницата ја повлекле тужбата против него.
Беше уапсен и за време на театарска претстава
Во 2014 година, актерот отишол на театарска претстава во Њујорк. Но, уште на почетокот од претставата, запалил цигара внатре, иако било забрането, и почнал да ги довикнува имињата на актерите кои биле на сцена.
Бидејќи никако не можеле да го смират, и овој пат обезбедувањето повикало полиција, па актерот би изнесен со лисици на рацете.
Подоцна самиот откри дека бил многу пијан, како и дека го плукнал полицаецот кој го уапсил.
Спотот за Elastic Heart беше дочекан со критики
Во спотот на Сиа, Шиа Лабаф танцува со Меди Зиглер во кафез. За многумина, проблемот беше тоа што двајцата носат минимална облека, многу се допираат во текот на кореографијата, а Меди има само 12 години.
Подоцна пејачката Сиа се извини за спотот, истакнувајќи дека мислела дека ќе изгледа емотивно, а не дека ќе вознемири некого.
Беше уапсен и за напад на протест
Во 2017 година, Шиа Лабаф отворено го критикуваше тогаш скоро избраниот претседател Доналд Трамп, па организира и протест против него.
Но, протестот станал малку насилен – на снимка се гледа како актерот му црка на млад дечко, го турка, а наводно и го удрил.
Шиа повторно беше уапсен, овој пат за напад и вознемирување.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





