Семејно насилство, пијани тепачки, напад на полицајци: Бројните скандали на актерот Шиа Лабаф

Беше избркан од куглана по расправија со келнер

Повторно во 2017 година, актерот се најде среде уште еден јавен инцидент - бил во куглана во Калифорнија, под дејство на алкохол, каде му побарал порција помфрит на барменот.

Кога барменот одбил да го услужи, актерот почнал да вика, да пцуе и да го навредува, па со обезбедување го изнесле надвор.

Сепак, потоа морал да се врати бидејќи уше ги носел чевлите од кугланата.

semejno-nasilstvo-pijani-tepachki-napad-na-policajci-site-skandali-na-akterot-shia-labav-5.JPG

Уште едно апсење, овој пат за конфликт со полицаец

Се чини 2017-та беше лоша година за актерот бидејќи беше уапсен и за конфликт со полицаец.

Додека работел на филмот The Peanut Butter Falcon, актерот престојувал во град во Џорџија каде околу 4 часот наутро им пришол на полицаец и случаен минувач.

Актерот им побарал цигара, но кога полицаецот и мажот не му дале, почнал да им вика и да ги навредува, особено полицаецот бидејќи бил Афроамериканец.

Полицаецот го замолил актерот да се смири, но тој продолжил со навредите. Кога полицаецот пробал да го уапси, актерот влегол во хотел во близина, па на крај бил уапсен во хотелското лоби.

Од камерата што ја носел полицаецот се слушнале и расистичките навреди што ги кажувал актерот, па на крај мораше и јавно да се извини.

„Многу сум засрамен од моето однесување и не барам изговор. Сигурен сум дека моите постапки бараат искрено извинување до полицајците и им благодарам што ме уапсија“, напиша актерот на Твитер.

Подоцна тој изјави дека тогаш минувал низ особено тежок период и затоа зачестиле неговите испади.

semejno-nasilstvo-pijani-tepachki-napad-na-policajci-site-skandali-na-akterot-shia-labav-06.JPG

Но, помалку од 3 години подоцна повотрно беше уапсен

По инцидентот со расистичките навреди, актерот како да се смири, но во 2020-та повторно се судри со полицијата, кога беше уапсен за напад.

Имено, актерот нападнал маж, го истепал, му ја украл капата и избегал, и овој пат под дејство на алкохол.

Актерот имаше опција да не оди во затвор, но под услов да следи програма за одвикнување од алкохол, да не се вклучува во никакво насилство и да дозволи да му се прават тестови за консумирање алкохол.

До 2022-ра, тој ги исполни условите и обвиненијата беа повлечени.

semejno-nasilstvo-pijani-tepachki-napad-na-policajci-site-skandali-na-akterot-shia-labav-7.JPG

Бившата девојка го тужеше за физичко и психичко малтретирање

Од 2018 до 2019 година, Шиа Лабаф беше во врска со пејачката FKA Twigs. Во 2020-та таа поведе тужба против актерот бидејќи бил насилен – неколку пати ја задавил и ѝ направил модринки.

Пејачката изјави дека намерно ја заразил со сексуално пренослива болест, како и дека присилно ја изолирал од семејството и пријателите.

Во меѓувреме, се појавија обвиненија и од друга бивша девојка на актерот, која изјави дека неколкупати ја нападнал додека биле заедно.

Во изјава за американски медиум, актерот речи дека голем дел од обвиненијата не се точни, но потоа донекаде призна вина.

„Бев насилен кон себе и сите околу мене со години. Во минатото сум ги потврдувал луѓето кои ми се најблиски. Засрамен сум од тоа и жал ми е што сум ги повредувал другите“.

Судењето меѓу актерот и пејачката беше одложувано неколкупати и засега е закажано за септември годинава.

semejno-nasilstvo-pijani-tepachki-napad-na-policajci-site-skandali-na-akterot-shia-labav-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Кифер Сатерленд им се врати на лошите навики – нападнал возач, по многуте апсења и затворската казна... Повеќе од цела деценија, Кифер Сатерленд немаше проблеми со законот. Во минатото...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...

Најчитани неделава