Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Го влече за рака, го тера да позираат вљубено: Блејк Лајвли очајно пробува да си ја спаси репутацијата со Рајан Рејнолдс

На јавните појавувања изминатиов месец, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс разменуваат повеќе нежности од вообичаено. Но, истовремено, се појавија видеа и фотки поради кои изгледа како сето ова да е инсценирано, со цел парот да си ја спаси репутацијата среде судската битка со режисерот Џастин Балдони.

go-vleche-za-raka-go-tera-da-poziraat-vljubeno-blejk-lajvli-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-so-rajan-rejnolds-01.jpg

Драмата со Блејк Лајвли и Џастин Балдони продолжува да се комплицира, а сега и сопругот на актерката, Рајан Рејнолдс, е вплеткан во целиот хаос.

За потсетување, Блејк најпрво го обвини режисерот Џастин Балдони за вознемирување и непристојно однесување на сетот на It Ends With Us, како и за водење кампања за уништување на нејзината репутација.

Џастин ѝ врати со контратужба – и тој обвинува за кампања за нарушување на неговата репутација, а тврди и дека актерката пробала да ја преземе целата контрола над снимањето на филмот.

Последно, Џастин тврдеше дека Рајан го исмејувал во новиот филм со Дедпул – Deadpool & Wolverine – преку еден од ликовите.

Но, од Marvel побараа филмот да не биде вмешан во судењето, бидејќи ниту еден лик од филмот не бил направен како пародија на Џастин.

go-vleche-za-raka-go-tera-da-poziraat-vljubeno-blejk-lajvli-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-so-rajan-rejnolds-14.JPG

Судењето е закажано дури за март следната година, а во меѓувреме Рајан и Блејк пробуваат да си ја подобрат репутацијата и периодов постојано се појавуваат на настани, како филмски премиери.

Но, се соочуваат и со критики.

Минатата недела, парот беше на спортски натпревар во Велс и покрај навивањето и фотографирањето со фановите, не престанаа да се прегрнуваат и бакнуваат.

go-vleche-za-raka-go-tera-da-poziraat-vljubeno-blejk-lajvli-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-so-rajan-rejnolds-17.JPG

go-vleche-za-raka-go-tera-da-poziraat-vljubeno-blejk-lajvli-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-so-rajan-rejnolds-15.JPG

Неколку денови подоцна, беа на премиера во Њујорк, каде повторно разменуваа нежности.

Бидејќи вака се однесуваат на сите важни настани периодов, некои сметаат дека пробуваат да го одвлечат вниманието од драмата со Џастин и дека пробуваат повторно да станат „омилениот славен пар“.

go-vleche-za-raka-go-tera-da-poziraat-vljubeno-blejk-lajvli-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-so-rajan-rejnolds-4.JPG

Сепак, некои експерти сметаат дека целата глума нема да им оди во прилог.

„Кога сите почнуваат да ги мразат, љубовта е одличен начин да го одвлечат вниманието. Тоа што Рајан и Блејк постојано разменуваат нежности не е случајно.

Ова е класичен холивудски трик – да се ’удават‘ контроверзиите со љубовната приказна, луѓето да почнат да зборуваат за бакнеж, наместо за тужби.

Со таквото однесување му покажуваат на светот дека се тим, дека се заедно дури и во тешки периоди“, вели експерт за односи со јавност.

go-vleche-za-raka-go-tera-da-poziraat-vljubeno-blejk-lajvli-ochajno-probuva-da-si-ja-spasi-reputacijata-so-rajan-rejnolds-13.JPG

Сепак, експертот додава дека додека ова било ефикасно во минатото, сега нема да им биде од корист на актерите.

„Проблемот е што денес јавноста има поизострено око. Ако разменувањето нежности е реалистично, може да функционира.

Но, ако изгледа инсценирано, може да и создаде проблеми. Ако претераат со ваквото однесување, луѓето ќе престанат да веруваат дека е вистинито“.

Во меѓувреме, од последната премиера на парот се појавија и други и фотки и видеа, за кои јавноста смета дека се доказ дека Блејк го контролира Рајан.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот... Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со ...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
10 славни мажи кои не се плашат да експериментираат со стилот и фризурата (фото) Бекам ги промени сите можни стилови на фризура, Џаред Лето имаше и розова „четка...
Сите славни девојки (и сопруги) на Рајан Рејнолдс – наводно ја изневерил Скарлет Јохансон со Блејк Рајан Рејнолдс беше во брак со Скарлет Јохансон до 2010 година. Тој период ја за...
Бјанка Сенсори со разголените аутфити, аферата на Хју Џекмен: Најскандалозните славни личности во 20... Покрај тужбите против Пи Диди и Џеј Зи, овде се Блејк Лајвли и Џастин Балдони и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg